Забранети реченици кои не треба да им ги кажувате на вашите деца

Понекогаш сите изговараме погрешни работи, особено кога сме фокусирани на нешто друго, се тркаме со времето за да исполниме одредени рокови и се обидуваме да ги исполниме барањата на сите животни фронтови. За жал, ни се случува на нашите деца да им кажеме работи за кои после ни е многу криво.

Еве што често пати им зборуваме на децата, а не би требало.



„Остави ме малку на раат!“

Факт е дека на сите родители им треба повремен одмор од децата, но проблем е кога одбивањето на детето станува рутина. Изјавите како „немој да ми пречиш“ или „остави ме на мира“ ќе му ја разнишаат самодовербата на вашето дете и со тек на време ќе го оддалечат од вас, мислејќи дека сте секогаш премногу зафатени за да може да ви се обрати.

„Немој да плачеш!“

Оваа наредба и нејзините слични варијации, како „немој да бидеш како бебе“, „немој да се плашиш“ и слично, се пораки со кои на детето му порачувате дека неговите емоции не се важни и дека не ги разбирате. Природно е родителите да сакаат да ги заштитат нивните деца од лошите чувства, но ова не е соодветен начин за тоа.

Наместо да ги негирате неговите чувства и да му наредувате да ги потисне, кажете му дека разбирате дека тоа е тажно, луто, уплашено и прашајте го како можете да му помогнете. Именувајте ги тие чувства и бидете покрај него. Со таков пристап вашето дете ќе научи што е емпатија.



„Ќе ти дадам јас на тебе причина за плачење!“

Заканите се резултат на фрустрациите на родителите, но не се баш ефикасни. Доколку се служите со такви закани или, пак, со уцени, знајте дека тоа не е начин да го промените однесувањето на детето. Наместо да се заканувате, секогаш е подобро да применувате друга тактика, како оддалечување на детето од критични ситуации, разговор или мал тајм-аут.

„Почекај да дојде татко ти дома!“

За да бидете ефикасни, мора да знаете да делувате веднаш и сами, а не да го ставате таткото во улога на лошиот полицаец. Покрај тоа што покажувате беспомошност, заради одложувањето на дисциплинската мерка, детето нема да биде свесно што направило погрешно. Исчекувањето на казната може на детето само да му ја продолжи агонијата, а покрај тоа ќе си го поткопате вашиот авторитет, а вашиот сопруг ќе го направите „лош татко“ од кој детето ќе има страв.



„Побразај или ќе останеш сам“

Преполниот распоред, временските рокови и недостатокот на сон се само некои од причините заради кои родителите ги изговараат овие зборови. Но, доколку на вашето дете секојдневно, додека се обидува да си го најде шалчето, или сам да си ги облече патиките, му велите да побрза, ќе му создадете чувство на вина, а при тоа нема да го забрзате туку напротив, веројатно уште повеќе ќе се збуни во моментот.

Обидете се да пронајдете малку посмирен начин за да ги забрзате работите. Кажете му дека ќе му помогнете и вие, но дека е супер што тој се труди, или едноставно одвојте повеќе време за некои работи за кои претпоставувате дека ќе траат подолго.

„Како не можеш тоа да го направиш? Многу е лесно!“

Она што вам ви е лесно, сигурно не значи дека му е лесно и на вашето дете. Исто така, доколку сметате дека постои полесен начин да совлада одредена задача тогаш мора истиот да му го покажете, а не да му поставувате прашања кои само ќе го направат нервозно.



„Гледај колку е мирен брат ти/сестра ти!“

Поттикнувањето на ривалство помеѓу браќата, споредувањето и таквиот начин на комуникација се неприфативи, а најчесто и повеќето родители стануваат свесни за својата грешка штом ги изговорат таквите зборови. Секое дете е поинакво и треба да го гледате самостојно – никако да не го споредувате со друго дете, без разлика дали тоа му е братче или не.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби