Остави го мажот ти кај мене – јас сум ви спасот за бракот

Њујоршката проститутка под псевдонимот Април Адамс напишала писмо кое го упатува кон сите сопруги на нејзините муштериите. Текстот е објавен во еден американски магазин, а ние во целост го споделуваме со вас.



Драга сопруго,

Не те познавам, но знам дека постои можност сопругот да те изневерува со проститутка. Тоа ти го кажувам затоа што се занимавам со тоа, а клиенти не ми недостигаат.

Но, ќе си кажеш – не и твојот сопруг, не и тој. Другите мажи да, но вашата врска и вашиот сексуален живот се сосема друга приказна. Имавте тројка со твојата цимерка од факултет пред 10 години. Секој август изнајмувате дадилка и одите во Лас Вегас. Имате нешто посебно со маратоните за гледање на серијата „Закон и ред“. Вие имате фантастичен брак.

Да ве прашам нешто – кога последен пат водевте љубов три пати во една недела? Кога последен пат тој се пожалил за тоа? Зарем не мислиш дека е можно тој проблем да го тргнал од твоите раце и го ставил во моите?

Добрата вест е ако твојот сопруг се гледа со мене, значи сака да остане во брак. Се одлучил за мала возбуда, но на најмалку комплициран начин. Замисли на мое место да е дадилката, сосетката, твојата најдобра другарка... Можам да продолжам, но знаеш на што мислам.

Јас сум професионалка. Дискретна сум, но и конкретна: моето време, внимание и сексуалност се мерат во часовите кога тој не е со тебе. И она што е најважно – јас не го сакам твојот сопруг, ниту пак некогаш ќе го сакам. Кон него не чувствувам ништо повеќе од она што го чувствувам кон својот омилен келнер.

Јас никогаш нема да бидам закана за твојот брак, бидејќи кога не работам не сакам да имам врска со ниеден од нив. Никогаш нема со него да отидам на вечера ниту пак ќе ве барам доцна навечер и ќе се заканувам со развод. Од мене нема да дознаеш што се случило. А ако дознаеш од него – или е глуп или ти е многу лут.

Да, точно е дека некои клиенти развиваат чувства, но тие се многу малку, со оглед на тоа дека она што го правам е лажно. Не мислиш веројатно дека водоинсталатерите обожаваат WC школки?



Мажите знаат дека мојата желба кон нив е само поради парите кои ми ги даваат. Не замислувај го тоа како со тебе и со децата гледа ТВ, а потоа бега во мојата хотелска соба каде што го чека љубовна прегратка со измислено име. Јас сум надвор од вашиот живот. Јас сум работник. Колку и да размислува сексуално за мене, неговите емоции нема да бидат присутни во она што заедно го работиме.

Ако постои потенцијал да се создадат некои компликации од негова страна, секогаш постои сигурносна мрежа – мене мора да ми се плати.

Според моето искуство, мажите трошат пари на секс само колку што можат да си дозволат. Ако му е потребно на твојот маж, тој секоја втора недела може да издвои 1000 долари месечно од вашиот буџет, тогаш може да се гледа со некоја проститутка која наплаќа исто колку и јас. Ако сака повеќе, не може туку така да најде пари. Тоа е патување кое го завршувам со зборовите: Драги, морам да ги кажам нешто...

Што и да мисли дека чувствува ќе заборави за две недели.

А што е со болестите? Без разлика на она што го гледаш во филмовите, повеќето сексуални работници денес веројатно се поздрави и посвесни од просечните секретарки. Се сеќаваш кога ти ги објаснував границите за своите чувства кон него? Тоа го подразбира и неговиот епидемиолошки профил. И шансите да останам бремена се апсолутно никакви.

Можеби се уште не сакаш да спие со мене, па затоа повторно ќе те прашам – кога последен пат сте спиеле три пати во една недела?

Не велам дека твоја работа е да го правиш среќен. Ти велам дека можеби ти не сакаш толку често да спиеш со него. Имаш премногу работни обврски или си под стрес или веќе не те привлекува. Сфаќам, мене сигурно нема да ме привлече.

Во тоа е работата. Јас сум тајната состојка на многу здрави бракови, бидејќи кога е со мене и двајцата добивате онолку секс колку што сакате. Се додека се држиш подалеку од неговиот мобилен телефон имате шанси да ја доживеете 50-годишнината од бракот. Зошто да не.



Што мислите? Доколку сте и вие сексуален работник, можеби ќе кажете браво за искрените чувства, но една сопруга не може да го оцени позитивно ова писмо. Тоа е само уште еден начин на кој проститутките ги убедуваат сопругите да молчат за постапките на нивниот сопруг. Тие често посегнуваат по развод откако ќе дознаат дека сопругот заминал со една од нив, а тој избор воопшто не е добар. Наместо да посегнуваат по проститутки, треба да се потрудат да ја вратат страста онаму каде што треба, во заедничката спална.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби