Бразилките на плажата Ипанема во Рио де Жанеиро традиционално го соблекоа горниот дел од костумот за капење со цел да добијат внимание од законодавците за да го изменат конзервативниот закон и да им допуштат да се сончаат и бањаат без горен дел.
Активистките сметаат дека проблемот е во самата култура. Во градот покажувањето на голи гради се смета за скандалозно. Организаторката на протестот, Ана Паула Ногуера, објаснила дека еден ден се надева дека Бразилците ќе ја гледаат голотијата како чиста и природна, а не како вулгарна.
- Веруваме дека за ова треба одредено време. Се работи за културолошки проблем, но нема смисла само да седиме и ништо да не преземаме. Затоа ова го правиме на интересен начин. изјавила Ана.
На протестот се собраа и мажи, кои си ги плакнеа очите и кои сигурно ќе ја поддржат нивната иницијатива.