Воопшто не е необично да го видиме овој виолетов кристал како прстен, но архитектите од Холандија направија нешто што ќе не зачуди! Станува збор за хотелски ланец во кој кристалниот аметист ќе има почесно место. Според нивните претпоставки, хотелот „Amethyst“ би се градел на вештачкиот остров Ocean Flower во Кина, а Кина е одбрана токму затоа што аметистот има посебно место во фенг шуи културата.
Се верува дека аметистот има посебни смирувачки и лековити својства, а зградата на хотелот се замислува како пресек на природната геолошка формација на овој кристал. Собите ќе се наоѓаат околу средината што би имало доволно дневна светлина која би се рефлектирала во виолетовата површина на кристалот.
Иако Кина е прв избор за локација на хотелот, амбициите на архитектите се многу поголеми и тие сакаат токму хотелите од овој вид да ги изградат како меѓународен ланец.