Манекенката која ги помести сите можни граници

Тес Холидеј, 29-годишна „пополнета“ манекенка од САД со успешна кариера, најави нова доба во светската мода.



И покрај нејзината прилично заоблена фигура, која е сосема спротивна на оние кои ги гледаме по модните писти, рекламите и списанијата, оваа манекенка успеа да се избори за насловната страна на италијанскиот Vogue, соработува со многу реномирани дизајнери и денес е најкрупната манекенка на модната сцена.



- Се чувствувам дека пробивам граници, ова е нешто големо. Никогаш не можев ни да замислам дека ќе бидам овде, изјавува Тес.



Претставниците на нејзината агенција, „MiLK Model Management“ истакнуваат дека Тес Холидеј е вистински пример за жена и дека е манекенка со најмногу фанови и следбеници на социјалните мрежи, за разлика од останатите модели од нивната агенција.



- Се надевам дека овие фотографии ќе придонесат за тоа сите да сфатат дека треба да бидат свои и дека е возможно да се чувствуваат убаво и привлечно во сопствената кожа и во крупно тело, порачува таа преку својот Instagram профил, на кој има 308.000 следбеници.



На Facebook Тес има околу 624.000 фанови, па познавачите на модата тврдат дека оваа девојка ја преобразува модата, им покажува на сите дека женската убавина доаѓа во сите големини и ги учи моделите дека клучно е да знаат да позираат, како и дека е важно да се носат со своите пропорции.



Оваа пополнета манекенка, која пораснала во Мисисипи, САД, во детството постојано претрпувала понижување заради дебелината. Но, тоа не ја спречило да го оствари својот сон, бидејќи отсекогаш сакала да биде манекенка.



Првиот голем успех Тес Холидеј го доживеала во 2011-та година, кога учествувала на шоуто „Heavy“. Таа воопшто не се осврнува на негативните коментари, вели дека редовно води сметка за своето здравје и дека редовно вежба. Тес е мажена и е мајка на едно момче.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби