Со еден портрет откријте што ве вознемирува во самите себе

Погледнете ги портретите на следните 8 лица и изберете еден кој никогаш не би сакале да го сретнете во темна уличка бидејќи неговата појава ве вознемирува. Потоа прочитајте го соодветното толкување.

Тестот е модифицирана верзија на тест направен од унгарскиот психијатар Леополд Сонди и е базиран врз идејата дека она што нè вознемирува кај другите луѓе, во суштина е она што нè вознемирува во самите себе. За да ги толкувате сликите треба да се запознаете со неколку психолошки термини и тоа:

Репресија – важен психолошки одбранбен механизам кој има за цел да ги префрла мислите и нештата кои не ни се допаѓаат во нашата потсвест

Негирање – ментален процес со кој ги отфрламе најдлабоките импулси и покажуваме сосема спротивно однесување од саканото.

Сублимација - процес за време на кој ги претвораме нашите потиснати избори, состојби или однесувања во социјално прифатливи нешта, како артистички активности, хобија, професионални избори и мали безопасни навики и слично.

1.Садист

Репресија – најверојатно потиснувате некои чувства од раните години од својот живот кои се поврзани со авторитети, потреба за доминирање и лоши навики. Овој портрет сугерира дека постојат определени понижувачки и навредливи однесувања кои се потиснати во вашата потсвест.

Негирање – по природа сте мирна личност која секогаш сака да им помогне на луѓето. Кога не сакате да направите нешто создавате бариери, па со тоа креирате јазол со претпоставените. Често кога се браните себе си одбирате пасивен отпор што на долг рок ги истоштува оние кои ви направиле проблеми.

2. Епилептичар

Репресија – доколку сте го избрале овој портрет во детството сте потиснувале чувства како импулсивност, гнев и агресија.

Негирање – љубезни сте и одавате впечаток на одговорна личност која има самоконтрола. Имате стабилни чувства и лесно се врзувате со идеи, луѓе предмети.

3. Кататоник

Репресија – некои од знаците на оваа состојба се нагласена имагинација, стимулација на сознавањето и негативизам. Изборот на овој портрет открива потисната хиперактивност која може да доведе до губење на чувството за реалност.

Негирање – прифаќате стереотипно однесување и не сакате иновации и промени, со што тешко се прилагодувате на нови ситуации. Најголемиот страв ви е дека ќе загубите самоконтрола, па затоа се држите до определен кодекс на однесување.

4.Шизофреничар

Репресија – личноста на шизофреничарот се одликува со нагласена апатија, дисторзија на мислите и инкомпатибилни емоции. Ако сте го избрале ова лице значи дека во себе криете емоции на индиферентност и во детството сте се повлекувале од нештата и луѓето.

Негирање – најверојатно сте прилично дружељубива личност, верувате дека во комуникацијата со луѓето и излегувањето. Под оваа фасада се крие изолирана личност која живее со чувството дека е сама. Можно е врските со другите луѓе да ви се површни и да имате чувство дека немате потреба од нив.

5.Хистерична личност

Репресија – хистеричните луѓе имаат површни и нестабилни емоции, мошне се нарцисоидни и се карактеризираат со егзибиционистичко однесување. Доколку овој портрет ви предизвикува лоша емоција најверојатно имате потиснато чувство да бидете во центарот на вниманието и потреба од одобрување.

Негирање – оставете впечаток на скромна и повлечена личност, но под тоа се крие човек кој има потреба да ги шармира другите луѓе. Методолошки се грижите за својот изглед и однесувањето со цел да ги добиете комплиментите од околината.

Сублимација – ваквите луѓе избираат професии кои се ретки или екстравагантни.

6.Депресивен тип

Репресија – портретот открива скриени чувства на инфериорност, вина и депресија. Иако од надвор изгледате како личност која ги контролира овие чувства, некаде длабоко во вас ја имате потиснато оваа своја страна.

Негација – секогаш покажувате оптимизам и самодоверба, но кога сте налутени или вознемирени станувате меланхолични. Освен тоа често се сомневате во луѓето и сте недоверливи.

Сублимација – постои тенденција депресивното однесување да се контролира така што ќе се изигрува улогата на сечиј психолог.

7.Манијакален тип

Репресија – некои од симптомите на манијата се екстровертност, претерана стимулација, преценување на себе си и расфрлање на пари и емоции. Ако имате страв од ова лице најверојатно некоја од овие особини ви е потисната во детството.

Негирање – не сакате да провоцирате со своето однесување и мразите бучава, екстремност и ексцес. Пример сте за дискреција, воздржаност и мерка. Секогаш го контролирате своето однесување.

8.Растројство на личноста

Репресија – доколку се плашите од портретот под број 8 во раното детство сте имале проблеми со својот идентитет, особено во однос на полот.

Негирање – ако функционирал механизмот на негирање, имате тенденција недвосмислено да го потврдите вашиот биолошки пол. Ако сте маж сте многу мачо, а ако сте жена се трудите да изгледате секси и да привлекувате мажи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби