Направете тегла за среќа

Авторката на книгата „Јади, моли, сакај“, Елизабет Гилберт, направи вистински бум со нејзината книга, но и со истоимениот филм. Имено таа советува како да се придржуваме до убавините во нашиот живот, а како да се избавиме од сите лоши работи. Овој пат, со нас споделува една интересна пракса која ќе ви донесе среќа секој ден, но и во деновите кога ви е потребна истата.



Теглата за среќа е проект кој го започнав пред многу години и ми остана во пракса, која се трудам да ја практикувам постојано. Ова е многу едноставна идеја – секој ден на крајот од денот земам лист и на него го пишувам најсреќниот момент кој ми се случил тој ден. Го запишувам и датумот. Потоа го виткам листот и го ставам во теглата. И тоа е сè што треба да се направи. Речиси 35 секунди, ќе ви донесат нешто огромно – не само влијанието на добар момент секој ден, туку вечното траење на тој момент.

Како што поминуваат годините, кога ми е тешко, ги читам листовите од теглата и веднаш се сеќавам на сите оние моменти кои веднаш би ги заборавила ако не ги запишував. Тие ми носат бесконечна утеха.

Постојано се изненадувам како едноставните работи се мои најсреќни моменти во животот. Тоа никогаш не е момент на среќна експлозија или слично. За сите мои амбиции и барања на значајни искуства, важно е да препознам дека моите најсреќни моменти се многу вообичаени, тивки и на изглед незначајни. Всушност, мојот најсреќен момент во денот е само поглед на нешто, неочекуван излив на емоции, малку сонце на лицето, пријатна средба, ладна чаша вода во вистинскиот момент, задоволство како кај мачките по попладневната дремка, признавање некои убави работи.



На пример, на денот кога прв пат отидов на шоуто на Опра Винфри (што е врв во мојот живот), најсреќниот момент се случи тоа утро во хотелската соба кога мајка ми ми помогна да се спремам за на шоуто, пеглајќи го мојот фустан. Кога ја гледав се почувствував повторно како дете, на мојот прв ден во училиште или на денот на матурата. Ја почувствував нејзината љубов и за мене тоа беше прекрасно. Колку и да беше добар остатокот од денот (а беше неверојатен), ништо не беше подобро од тој мал сладок момент.

Ги запознав моите пријателки со Теглата за среќа и луѓето почнаа да изработуваат свои тегли и да ми праќаа фотографии. Беше толку невообичаено да видам како се шири. Луѓето правеа тегли од сè, од стаклени обични тегли до прекрасно изработени керамички тегли, ретки антиквитети или детски изработки. Имавме тегли за среќа низ цела Северна Америка, но и низ Египет, Филипини, Полска, Турција, Русија, Бразил, Колумбија, Индонезија... Имавме фамилијарни тегли за среќа, мајка-ќерка тегли за среќа, тегли за среќа по развод, тегла за среќа за победа над ракот, тегли за нова година, едноставно имавме многу верзии. Ја сакам секоја од нив и ве сакам сите вас.



Исто така морам да додадам како срцето ми се кине од среќа на најсладок начин кога ќе слушнам некои прашања кои луѓето ги поврзуваат во врска со „правилата“ за теглата за среќа. Ме прашуваа „Смеам ли некогаш да си ги читам пораките?“ или „Во ред ли е ако му допуштам на некој друг да става листови во мојата тегла?“ или „Може ли да ставам камења за среќа во теглата?“ или „Што кога ќе ми се наполни теглата?“.

Но, не постојат никакви правила. Немам поим. Ја измислив оваа работа бидејќи мене ми одговара. Среќата е ваша и можете да правите со неа што сакате. Ставете во теглата што сакате – сè она што ви носи мир или радост. Кога ќе ви се наполни теглата, едноставно направете нова.

Прочитајте ги листовите ако сакате, или оставете ги затворени – ако тоа ви е желба. И можете да направете тегла од стара кутија, сад или што и да е. Теглата е само тегла.

Она што е внатре е едноставно најдобриот дел од вашиот живот.

Тоа е проектот за теглата со среќа, драги пријатели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби