ФОТО: Свингерско порно царство во сред град

Во навидум обична куќа во Бирмингем, Велика Британија, изградена во 1601 година од страна на локалниот велепоседник Емброуз Ротон и неговата сопруга, денес се одржуваат секс забави кои ги организираат британските свингери, а на кои редовни гости се дамите од светот на порно индустријата.

Имено, станува збор за куќа која била изградена за локалниот службеник Емброуз Тотон и неговата сопруга Бриџит, а првично истата била опкружена со двор од 2.000 метри квадратни, пренесува Daily Mail.

Сепак, денес токму во оваа куќа се одржуваат секс-забави кои што се организирани од страна на свингерите.

Моменталните станари на куќата, кои се домаќини на ваквите забави, со сегашниот сопственик на куќата, Бенџамин Џексон, потпишале договор за изнајмување на просторот во периодот од следните 10 години.

- Нашиот клуб е оддалечен најмалку 60 метри од најблиската куќа. Сите прозорци се покриени, а луѓето кои доаѓаат тука се пристојно облечени. Она што тие го прават во внатрешноста на куќата не треба да ги загрижува локалните жители. Немаме што да криеме затоа што сè што правиме, го правиме според законот, стои во соопштението на клубот.

Свингерскиот клуб го добил името „Tudors Lounge“, а истиот има и своја интернет страница на која што секојдневно се објавуваат информации поврзани со клубот и забавите наменети за сите оние кои се заинтересирани за забавите кои што следат во претстојниот период.

- Забавите се одржуваат во единствен амбиент во палата од 17-от век. Членството во клубот е бесплатно, меѓутоа влезот во куќата се наплатува од некои 70-на евра па до 100 евра, во зависност од вечерта и од тоа дали сте машко или женско, пишува на сајтот.

Интересно е тоа што од Градската куќа на Бирмингем изјавиле дека тоа што се случува во куќата не го нарушува законот и притоа нагласуваат дека досега не примиле ниту една поплака од локалните жители.

Сепак, луѓето кои што живеат во овој дел од градот го тврдат спротивното, велејќи дека никој не ги консултирал околу тоа дали тие сакаат секс-клуб во близината на нивните деца, а нагласиле и дека е навистина чудно што објект кој е регистриран како културно наследство се користи како место за разврат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби