Исповед на стјуардеса од Балканот: Животот ми се претвори во кошмар

Реалноста за работата како стјуардеса

„Имам 28 години, а веќе ми пукаат вените на нозете. Кога последен пат добив три дена слободни, на секој час ми течеше крв од носот. Помнењето ми е никакво, а да не споменувам дека за нормална врска или пријателство овде можам само да сонувам.“



Вака својата приказна ја започнува стјуардесата С.Б. од Белград, која последната година работи во авиокомпанија од Блискиот Исток. Но, нејзината животна сторија ја делат многу девојки, како од нашата земја, така од целиот регион, кои за подобра заработувачка и можности за патување кои инаку не би можеле да си ги дозволат, се одлучуваат да работат како стјуардеси на примамливите огласи за работа организирани од големите авиокомпании од богатите азиски земји.

Како што вели таа, на конкурсот за работа се појавила сосема случајно, а работата ја добила неочекувано, уште од првиот обид. Тогаш оваа работа и изгледала како остварување на соништата.



- Патувања низ целиот свет, добра заработка, запознавање на нови луѓе, нови култури... - сето тоа ми звучеше примамливо и навистина е искуство кое не можам да го одречам, но тој живот е далеку од оној гламур каков што го замислуваш како дете, изјавува таа за српскиот протал „24 sata“.

Стјуардесата вели дека проблемите со вените и помнењето, во сета таа ноќна мора низ која стјуардесите поминуваат, делуваат како најбезопасни, бидејќи секојдневните маки со кои се бори ја ставаат оваа работа рамо до рамо со најстресните професии во светот.

- Џет летовите, ненаспаноста, константната главоболка, отечените и болни стапала, се само некои од физичките проблеми што ги добив. Тоа во суштина е многу нездрав живот. Заради специфичниот распоред имам нередовни оброци, а често се храниме во самиот авион каде храната е преполна со масти и сол, подготвена е пред шест месеци, а потоа замрзната, открива оваа белграѓанка.



Работите за неа во последните година дена толку се промениле, што сега начинот на живот кој го имала во Србија го доживува како сон.

Заради правилата кои во муслиманските земји мора строго да се почитуваат, таа не смее да преспие во туѓ стан, како што и никој гостин не смее да преспие во нејзиниот, а алкохолот е толку строго забранет што од време на време доаѓале контроли за да проверуваат дали се кријат забранети шишиња со алкохол. При оваа проверка, се прегледувале и шишињата со парфеми и шампони, да се осигураат дека алкохолот не е прошверцуван на никаков начин. Исто така, ниту контролите за уредност на станот не биле невообичаени.

Сепак, таа вели дека најголема мака од сето ова и’ претставува недостатокот на услови за нормална врска и пријателства.



- Повеќето луѓе овде работат привремено и ова им е транзитна дестинација, па така тие во твојот живот влегуваат само на неколку месеци. Заради тоа многу е тешко да се изгради стабилно пријателство или врска. Доколку се спријателам со некои колеги, мали се шансите дека наскоро ќе се видиме заради распоредот на летање, а кога ќе добијам слободен ден, најчесто сум премногу уморна за било каква активност освен одмарање, се жали стјуардесата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби