19 февруари во 20:00 часот - TLC Канал достапен на MaxTV под реден број 104

Непријатни случки за време на секс

Љубовта го движи светот, но и може и да ве прати директно на лекар. Секојдневно голем број на доктори и медицински персонал се соочуваат со неочекувани, неодговорни и најчесто урнебесно смешни последици од сексуалниот однос. Вистински приказни кои ве држат неизвесни до самиот крај – најчесто со среќна завршница. Серијал каде што можете да ги видите најнеобичните последици од моќта на желбата за секс.

Непријатните искуства кои паровите ги доживуваат за време на секс можете да ги следите преку документаристичкиот серијал “Поради секс на ургентна” секоја недела на TLC каналот достапен на MaxTV под реден број 104.

Денес на 19 февруари со почеток од 20 часот ќе можете да погледнете две епизоди со вистински четири вистински приказни за:

Запознавање на родителите



Голем ден е за двојката Џон и Марта бидејќи неговите родители доаѓаат во Лондон да го посетат и да ја запознаат неговата девојка. Марта е опседната со средбата бидејќи сака да остави добар впечаток пред неговите родители. Но, непријатностите започнуваат со предвременото враќање на родителите од разгледувањето на Лондон кога ги фаќаат Џон и Марта на дело за време на секс.

Роденденско изненадување

Сопругата му подготвува на својот маж роденденско изненадување кое ги шокира докторите и сестрите на ургентна бидејќи дијагнозата е нешто што го немаат одамна третирано.

Пред да дојдат сите повикани гости Шон ужива во своето изненадување, но за кратко бидејќи Кристин се онесвестува. Двајцата се обидуваат да ја скријат причината, но неуспешно поради што Кристин завршува на ургентна и забавата се пренесува во амбулантата.

Заглавен



Персоналот од ургентна се соочува со пациент кој останал залепен по голема мешаница за време на предиграта со својата жена. Барајќи го лубрикантот од полицата случајно посегнува по супер лепак и притоа рацете му се залепуваат за половиот орган. Докторите се пред предизвик да го ослободат брзо бидејќи тие се на годишнина на бракот на родителите на неговата жена. Непријатностите стануваат уште поголеми кога родителите ќе дојдат во амбулантата.

Полицаец и разбојник

Кристи и Мајкал конечно добиваат време за нивната врска, ги оставаат децата на чување и се сами дома. Одлучуваат да ја вжештат атмосферата со играње на улоги на полицаец и разбојник, но нивната игра нагло завршува кога Кристи добива интензивни болки. Така облечени брзаат кон ургентната амбуланта што предизвикува конфузија и вчудовиденост кај докторите и останатите пациенти.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби