04 март со почеток во 20:00 часот - TLC канал

Фантастичните браќа пекари: Вкусот од Британија

TLC каналот кој е достапен на MaxTV под реден број 104, ве носи на нови кулинарски патувања со серијалот Фантастичните браќа пекари: Вкусот од Британија

Надоградувајќи се на успехот на првите 2 сезони од овој серијал,Том Херберт и неговиот брат Хенри ве водат низ Велика Британија во потрага по најдобрите британски производители, за да го разбијат митот дека британската храна не е најдобра во Европа и да им покаже на гледачите што сè можат да постигнат готвејќи на отворено користејќи печки за кампување.



Наоружани со својата подвижна кујна , дуото од Глоучестер ќе ја крстосуваат државата со нивното комбе да ги истражат вкусовите на Велика Британија и да готват најфини британски јадења. Сето тоа ќе биде проследено со типични англиски пејзажи почнувајќи од бујното езеро Дистрикт до живописното крајбрежје во источен Сасекс.



Храна и патување се жанрови кои наидоа на одличен прием од гледачите ширум светот и ние успеавме да искомбинираме двата вида на публика, заедно со браќата на ова гастрономско патување. Браќата Том и Хенри се суперталентирани. Тие се доста приземни и неверојатно симпатични. Затоа и не е никакво изненадување тоа што придобија многу интернационални гледачи уште во претходните сезони.

Секоја едночасовна епизода од серијалот Фантастичните браќа пекари: Вкусот од Британија ги истражува локалните вкусови, деликатеси и ја прикажува креативната способност на Хенри и Том да го трансформираат во гурманска храна сето она што ќе им се најде при рака во движење. Браќата Херберт црпат инспирација од секоја локација која ќе ја посетат ,ќе собираат вкусни состојки пронаоѓајќи вкусни скапоцености кои го прават посебно секое место. Како суровина за јадењата тие ги користат свежите состојки директно од земјата, река или море и ги претвораат во вкусни јадења кои може да се зготват на отворено.



Без разлика дали е тоа свеж лосос директно од реката Северн или свинско месо печено во фурна на оган , браќата прават оригинален пресврт од она што им се нуди. На своето патување, Том и Хенри ќе се сретнат со локалните жители чие производство е исконско на тие простори , и на крајот на шоуто овие луѓе ќе бидат повикани да се придружат во изборот на најдобро јадење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби