Најлудите искуства при пораѓање

Редакцијата BuzzFeed ги замоли своите читатели да им испратат интересни приказни од пораѓања. Сепак, ако се уште не сте родители, размислете дали воопшто би сакале да ги прочитате.



Брз како молња

- Воденикот ми пукна рано наутро додека јас и сопругот се уште бевме во кревет. Имав чувство како водениот кревет да се дупнал од толкава количина на течност, но на мојот сопруг немаше ниедна капка. Никогаш нема да ми биде јасно како толку брзо се мрдна, раскажала Британи.

Урбана легенда

- Кога мајка ми беше бремена со мојата сестра, во породилиштето и пукна воденикот кој ги испрска ѕидовите, докторите и сестрите. Подоцна мајка ми ми кажа дека и било ужасно непријатно поради тоа. По неколку години била повторно бремена и беше во истата болница. Воденикот повторно и пукнал во ходник и пак направи неред. Сестрата се трудела да ја утеши и и кажала: Не се грижи мила, пред неколку години една жена буквално ги избања лекарите и сестрите кога и пукна воденикот, изјавила Рејчел.

Ги плашиш останатите мајки

- Не одев да вежбам за време на бременоста, а имав многу јаки контракции. Врескав на цел глас, а сестрата ми пријде и ме замоли да бидам малку потивка, бидејќи ги плашам останатите трудници кои не се ни на почеток на пораѓањето. Сепак, продолжив да врескам, раскажала Лорин.

По ѓаволите, знае дека имам деца



- Кога отидов да се пораѓам, добив анестизија бидејќи ме припремаа за итен царски рез. Додека бев замелушена се сеќавам на еден згоден анестезиолог и си помислив: О, по ѓаволите, па тој сега знае дека имам деца, изјавила Сара.

Замолчи и престани да ми помагаш

- Од почетокот на моето пораѓање поминаа 30 часа, а крајот се уште не се ни гледаше. На крајот и викав дури и на мајка ми да престане да ми помага и да замолчи, вели Витни.

Ја продадов вратата од гаражата додека се пораѓав

Добив добра доза на лекови и анестезија, па не чувствував болки за време на концентрациите. Во еден момент ми се јави човек поради огласот за продавање на вратата од гаражата. Бев расположена и одговарав на сите прашања, а човекот на крај дури и ја купи вратата, сподели Анхелика.

Не земај огледало во раце

- Откако се породив, лекарот ме подготвуваше за епизиотомија. Мојот сопруг кој цело време беше покрај мене, ми ја виде вагината додека ми ја шиеше лекарот и ми кажа: Што и да правиш, не земај огледало во раце. Доле е катастрофа, изјави Карен.

Требало да се издепилираш



- Кога легнав на породилниот стол и ги раширив нозете, мојот сопруг кој сакаше да присуствува на пораѓањето, ми ја погледна вагината и ми кажа: Мислам дека требало да се издепилираш. Уште му немам простено за тоа, раскажа Хедер.

Ја гризнав свекрвата за рамо

- Поминаа три дена од мојот термин, но се уште немав контракции. Отидов со сопругот во болница каде што добив лекови и ми кажаа дека полека ќе почнам да се отворам, а потоа кога ќе ги почувствувам контракциите да се вратам во болница. По два дена ме разбуди силен притисок во вагината. Станав, отидов до купатилото, земав огледало да погледнам што се случува долу и ја видов главата на бебето. Почнав да викам, ги разбудив свекрвата и сопругот и настана вистинска гужва. Сите бевме хистерични и во паника, а се сеќавам дека во еден момент ја гризнав свекрва ми за рамо, раскажува Шеа.

Само извади ја надвор

- Кога докторот конечно влезе во собата за пораѓање, полека почна да ме прегледува, но јас веќе не можев да издржам и му се развикав: Жити се, само извади ја надвор. Веднаш потоа, се породив, раскажа Каси.

Не ја допирајте постелката

Кога се разбудив, ги замолив докторите да ја допрам постелка, а тие ми дозволија. Мајки ќе ви го кажам ова: Немојте никогаш да ја допирате постелката, напишала Кристен.

Жал ми е, ја пропуштивте претставата



- На денот кога ми беше терминот, немав контракции, но лекарите сепак ме оставиле на породилиштето. Сопругот беше покрај мене, кога се разбудив породувајќи се. Сестрата не беше во близина, а од докторот ни трага ни глас. Се се случи експресно брзо, а кога докторот влезе, јас само се насмеав и кажав: Жал ми е, ја пропуштивте целата претстава, раскажала Ванеса.

Родив вонземјанец

- Кога се породив по неколку мачни часови, прво што кажав кога го здогледав мојот новороден син беше: О Боже, родив вонземјанец. Толку за сентименталното расположение на една мајка, вели Лаура.

Само да си ја проверам фризурата

- Во собата за породување каде што бев имаше едно огромно огледало пред креветот, во случај некоја мајка да сака да го гледа породувањето. Ја замолив сестрата да ми го приближи огледалото, а таа ме праша дали сум сигурна дека сакам да си го гледам породувањето. И одговорив: Не! Само сакав да си ја видам фризурата, сподели Сара.

Гол

Кога мајка ми го роди брат ми беше во Нигерија за време на Светското првенство. Докторот не сакал да ја породи додека не заврши натпреварот, напишал Џон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби