Приказната на човекот кој умрел два пати

На никому не му е познато што се случува откако ќе умреме. Смртта и онака е термин кој го измислиле луѓето. За некои тоа значи почеток, за некои крај, а додека за други само состојба која настапува поради здравствени проблеми.

Еден корисникот на Reddit, тврди дека бил два пати мртов по две минути во два различни случаи, еднаш кога настрадал во сообраќајна несреќа и втор пат кога по операција се предозирал со лекови против болки. Откако целосно оздравел решил да го сподели своето искуство.



- Беше само црна празнина. Без мисли, свест, ништо. Едноставно не бев таму. Тоа чувство е исто како кога ќе задремеш. Кратка дремка без соништа, а кога ќе се разбудиш имаш чувство дека долго си спиел, иако поминале само 15 минути. Знам дека бев мртов затоа што лекарите ми го кажаа тоа. Да не ми рекле ништо, ќе мислев дека сум заспал и ништо не сум сонувал. Значи, почувствував нешто, но тоа нешто беше ништо. Во двата случаи го доживеав истото. Кога ја доживеав сообраќајката единствено што помислив беше „срање“. Вториот пат почувствував болка, а потоа наеднаш немаше ништо, ни живот. Потоа кога се разбудив повторно почувствував болка. Единствената разлика е што првиот пат бев свесен на претходните случувања, а вториот пат имав толку големи болки што не бев свесен за околината. Сега многу помалку се плашам од смртта. Знам дека не е ништо полошо од спиењето. Кога умираш престануваш да постоиш, ништо за што треба да се грижиш. Отсекогаш бев атеист, но дел од мене се надевал дека постои Бог и рај или нешто поголемо од нас. Мислам, кој не би посакал рај? И се уште сум атеист, но сега знам дека не постои ни Бог ни рај. Барем не за мене. Верувам дека вашето верување е ваше верување. Единствената работа која ја споделуваме се нашите искуства, а луѓето мора сами да одлучат во што ќе веруваат. Тие мора да престанат да ги тераат другите луѓе да веруваат во истото што и тие. Се што сега сакам во животот е да се забавувам и да им ги разубавам животите на другите луѓе, бидејќи единствено нешто што останува за мене кога ќе умрам е какво влијание сум оставил на луѓето кои се уште се живи. И се надевам дека нивното мислење за мене ќе биде позитивно. Смртта е смрт. Еднаш кога ќе умреш, тоа е тоа, готово е, заклучи човекот кој починал два пати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби