Дали сте под стрес или сексуално оптоварени?

Херман Роршах бил познат швајцарски психијатар и психоаналитичар, создавач на еден од најпознатите тестови за дијагностика на личноста, кој всушност го носи неговото име Роршахов тест.

Комплетниот тест за состои од десет дамки со недефиниран облик направени од истурено масло. Пациентот би требало на свој начин да ги протолкува дамките и да ги објасни асоцијациите, а всушност клучот на овој тест е во потсвесното размислување на пациентот кој ја открива неговата емотивна и психичка состојба.

Погледнете ја добро оваа слика и објаснете што гледате.



Двајца луѓе

Во каква врска се луѓето кои ги гледате на сликата? Решението лежи во вашиот фокус. Оваа слика исто така крие и сексуална конотација, па не би било чудно да имате такви мисли. Ако главниот фокус е врз сексот, веројатно со него сте оптоварени.

Некој си го гледа својот одраз во огледало

Личноста која се гледа во огледало, всушност сте вие самите. Какви чувства произведува сликата? Дали гледате многу крв? Крвта е поврзана со агресија и негативни чувства. Чувствата на личноста која се гледа себеси во огледалото се вашите емоции кон самите себе.

Куче

Какви чувства имате кон кучињата? Кучето симболично го претставува вашето внатрешно битие, но и стравовите. Ако во вас буди негативни емоции, можеби имате некои прикриени стравови со кои би требало да се соочите.

Слон

Слоновите симболизираат интелигенција и самодоверба. Какви чувства во вас буди слонот? Позитивни или негативни? Оваа слика всушност ви покажува што мислите за себе.

Мечка

Ако видите ранета крвава мечка, веројатно длабоко во себе носите прикриени емоции и тага. Овие личност се многу чувствителни и наивни.

Две личности кои се молат

Како што кај некои личности оваа слика крие сексуална конотација, кај вас е поврзана со религијата. Ако видите и крв, религијата веројатно ја доживувате преку пожртвуваност и патења. Исто така значи дека во моменти на животни кризи често се молите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби