Кралици на сајбер сексот: Погледот зад мониторот открива многу работи

Низ светот илјадници жени постари од 18 години, работат дома на својот компјутер. Но, немаат нормална работа, туку тие се Cam Gilrs или кралици на сајбер сексот. Сепак, она што го работат не е само сајбер-секс, туку и комбинација од допишување, приредување разни шоуа и стриптиз. За овие жени овој вид на работа ветува лесно заработени пари: најуспешните девојки заработуваат околу 5 фунти по минута, а цел ден уживаат во удобноста на своите спални соби.



Сто илјади мажи пак од другата страна на екранот уживаат во нивно друштво, а од тоа ги дели само неколку клика со маусот. Уредникот на документарецот „Cam Girlz“, Шон Дан, ја откри другата страна од овој бизнис.



- Пред да почнам да го снимам овој документарец, не знаев многу за тие кам-девојки. Мислев дека тоа е нешто диво и лошо, па дека не би требало тие да го работат тоа и слично. Со тек на време, како што истражував за тоа, моето мислење се промени. Сфатив дека тоа се силни и независни жени кои уживаат во она што го работат. Сакам да ја прикажам нивната приказна токму поради предрасудите кои многумина ги имаат, споделува Шон.

Тој откри дека девојките биле најактивни на Twitter, каде што пронашле и некоја жена, Софи Лок која дури има сопствена Cam Mansion во Лас Вегас, каде што води 10 девојки неколку пати годишно за да работат како кам-девојки.



- Софи не повика да отидеме во куќата и да им направиме интервју на девојките. Ја искористивме таа прилика и снимавме трејлер, кој го прикажавме на проектот Kickstarter. А кога останатите го изгледаа, почнуваа самите да ни се јавуваат. Тие признаваат дека ретко им се случува нешто да тргне на лошо. Битно е дека тие не се само стриптизети, туку и обични девојки кои разговараат со муштериите, ги слушаат и се однесуваат пријателски, а често го прават тоа сосема спонтано. Сепак, кога со некој се допишувате со часови, се вклучуваат и емоциите. Исто така, ни корисниците на нивните услуги не се чудаци. Некои имаат чудно работно време или се во врска на далечина... Постојат милиони причини зошто се одлучиле да се јават на овие кам-девојки. Битно е дека девојките ја имаат целата контрола. Без оглед на некои лоши искуства, сметам дека ова е најсигурниот начин на заработка во порно бизнисот, сподели Шон.

Тој, како и останатите девојки, веруваат дека наскоро на сцена ќе стапат холограмите преку кои девојката која сте ја избрале нема да ја гледате преку екранот туку „ќе биде“ во вашата соба.



- Се развиваат уреди на кои можете да симулирате секс со девојка преку веб камера. Тоа е одлична работа. Не мислам дека тоа ќе ги оддалечи луѓето од реалниот живот. Оптимистичен сум кога се работи за иднината. Сакам се што е ново, но некои се плашат од тоа. Научивме да живееме со машините, кои се повеќе не одржуваат во живот, смета Шон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби