Тест на личностa според гестикулациите и положбата на рацете

До сега сме наишле на многу тестови на личноста врз основа на избор на понудени слики, на одогвор на одредени прашања и слично, но овој станува збор за тест врз основа на положбата во која ги држиме рацете и нашите гестикулации. Да, експертите велат дека и овие работи кажуваат многу за вашата личност.



Овој тест е многу лесен за изведување, па вашата љубопитност можете да ја задоволите само со 4 чекори. Она што е важно е точките да ги изведувате без никакво размислување. Земете пенкало и хартија и почнете!

1. Составете ги дланките со испреплетување на прстите

Доколку палецот на десната рака се наоѓа над левиот, запишете ја буквата Д, а доколку палецот на левата рака ви е над палецот на десната, напишете ја буквата Л.

2. Нишанете кон невидлива цел, затворајќи едно око

Доколку при овој потег го користевте левото око, а десното го затворивте, напишете ја буквата Л. Во спротивно, запишете ја буквата Д.

 

3. Прекрстете ги рацете на градите

Доколку левата рака ви се наоѓа над десната, напишете ја буквата Л, а доколку е обратно, напишете Д.

 

 

4. Ракоплескајте

Доколку при ракоплескање, поактивна ви е левата рака, напишете Л. Доколку, пак, десната е таа која повеќе ја користите, напишете Л.

 

Сега проверете го решението!

ДДДД – Конзервативна личност, стереотип, која не сака расравии и додворувања.

ДДДЛ – Неодлучна личност.

ДДЛД – Комуникативна и одлучна личност, со добра смисла за хумор и за уметност.

ДДЛЛ – Ова е ретка комбинација и станува збор за слична личност како претходната, само помека.

ДЛДД – Спој на интелигенција и мекост. Има потешкотии во стекнување нови навики, а во односите со другите се перцепира како тешка и поладна личност.

ДЛДЛ – Ретка комбинација, но не во многу позитивна конотација. Станува збор за беспомошна личност, која лесно потпаѓа под туѓо влијание.

ЛДДД – Емотивност, недостаток на жилавост и упорност кога се работи за важни прашања, добро се прилагодува на туѓото влијание.

ЛДДЛ – Исто како и претходната личност - мек карактер и наивност.

ЛЛДД – Наклонетост и едноставност, дисперзија на интересот и осврнатост кон себе.

ЛЛДЛ - Рамнодушност и наивност.

ЛЛЛД – Емотивност, енергичност и решителност.

ЛЛЛЛ – Либерална личност. Способност да ги согледа повеќе страни од приказната. Силно емотиен индивидуалист, кој знае да се карактеризира со егоизам и тврдоглавост.

ЛДЛД – Личност со многу силен карактер, која е неспособна да ја промени својата гледна точка. Се одликува со енергичност и упорност во постигнување на своите цели.

ЛДЛЛ – Слично како и претходната личност, оваа е малку помека и посклона кон самоанализа. Има потешкотии во стекнување на пријатели.

ДЛЛД – Комуникативна личност која знае успешно да избегне конфликт. Често го менува хобито.

ДЛЛЛ – Независна личност која сака сè да постигне сама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби