Филм чие прикажување го забрани Тито

Доживотниот претседател на СФРЈ забранил емитување на советско-југословенскиот филм „U planinama Jugoslavije“, бидејќи не му се допаѓало како актерот го глумел токму него. Во овој филм, за прв пат се појавуваат Драгољуб Дража Михаиловиќ и Јосип Броз.



Тито имал многу замерки за филмот, а освен актерот, не му се допаѓало тоа што Сталин имал повеќе прикажувања од него. Имено, премиерата на филмот се одржала во Москва, во 1946 година, а во Белград за прв пат бил прикажан на 21 април во 1947 година. Филмот го режирал Абрам Ром, а за фотографијата се погрижил познатиот Едвард Тис. Приказната почнува во планините на Југославија во 1941 година, каде што селанецот Славко Бабиќ ја поткрева Народноослободителната борба против окупаторот, бидејќи германската војска влегувала во Сталинград.



Во филмот, рускиот актер Иван Берсењев го глуми Тито, кој дури и поминувал одредено време со Маршалот, за да го проучи неговото однесување. Се зборува дека идејата за филмот била на Сталин и тоа токму поради тоа што рускиот актер многу личел на Тито. Сепак, улогата на Тито била „бедна, илустративна и неиницијативна“, според зборовите на публиката.

Филмот бил снимен на многу препознатливи локации ширум Југославија, како што се Белград, Мостар и Дубровник. Се снимал многу долго, односно повеќе од шест месеци, а се случувало и за еден ден да се снима само еден кадар. Посебна динамика во филмот носи и документарниот, автентичен материјал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби