Идеален ден во најголемиот град во Европа – Москва

Москва, главниот град на Русија, се простира на површина од 1081км2. Токму овој факт ви е доволен за да сфатите дека 24 часа не се ни приближно доволни за да го прошетате градот, но со одреден план, можете да посетите повеќе работи.

Москва е поделена на 125 општини, а во градот живеат повеќе од 10 милиони жители. Тоа е многу повеќе од метрополите како што се Лондон или Париз.



Што се однесува до сместувањето има сместување за сечиј вкус и џеб. Можно е да изнајмите соба почнувајќи од 15 до неколку илјади евра дневно, а ваше е да ја изберете најдобрата според желбите и можностите. Ако барате евтино сместување посетете ја страната AirBnb, а ако барате поволни хотели погледнете ги на www.booking.com.

Што да посетите?



Ако одите во Москва и ограничени сте со времето, една атракција никако не смеете да ја заобиколите. Тоа е Кремљ, културниот центар на градот. Центарот вклучува Кремљски дворец, плоштад каде што се наоѓа црквата св. Василиј, Александров парк и познатиот бедем со кули. Кремљ служи и како службена резиденција на претседателот на Русија, Владимир Путин.



Во 1990 година, заедно со Црвениот плоштад, Московскиот кремљ е запишан на листата за светско наследство на УНЕСКО во Европа, како место кое е поврзано со најважните историски и политички настани во Русија од 13 век па наваму.

Што да пиете?



Најдобро е да ги заборавите сите стереотипи и да продолжите во истражување на Москва како никогаш да не сте слушнале за овој град. Штом сте во Русија нормално е да пробате вотка, но внимавајте, затоа што воопшто не е налик на онаа на која сте ја пробале. Руската вотка е совршена. Немојте воопшто да се мислите дали да нарачате пиво или еден од многубројните алкохолни коктели кои се навистина популарни. Исто така, пробајте го националниот пијалак квас, кој има интересен вкус.



Што да консумирате?



Во Москва, баш како и во секој друг милионски град имате огромен избор на ресторани. Од азиска кујна, па сè до американски fast-food, овде ќе пронајдете храна за сечиј вкус. Но, сепак мора да пробате некои традиционални специјалитети вклучувајќи кавијар, брош, пираги, бљини и шчи, а ако сакате да пробате руски fast-food, тогаш најдобар избор е „Руски бистро“.



Најдобар поглед на градот



Ако сакате да го видите градот од една потполно различна перспектива, качете се на ТВ кулата „Останкино“, која нуди панорамски поглед. Од 1976 година, оваа била највисоката зграда на светот, а изградена е на 50-годишнината од Октомвриската револуција. Оваа кула секојдневно е отворена до 21 часот.



Не заборавајте да купите традиционални шубари, бабушки и да ги почитувате жителите. Знаете дека со Русите сè е можно! Убав помин!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби