Белегот ме прави препознатлива и уникатна

Касандра Науд има 22 години и огромен белег на лицето кој го носи на себе уште од раѓање. И додека другите девојки би направиле сè за да го отстранат, оваа професионална танчарка е горда со него и верува дека истиот и помогнал да стане препознатлива во својата професија.

-Мојот белег е голем дел од мене. Ме прави уникатна и запаметена, што е мошне важно за кариерата која ја избрав, вели Науд.

Кога била родена, на нејзините родители им било понудено да и го отстранат белегот, но тие не се согласиле бидејќи зафатот ќе го оставел лицето на Касандра со лузна и оштетено око.

-Среќна сум со што моите родители донеле таква одлука. Белегот ме прави препознатлива и не мислам дека истиот некогаш ме ограничил во нешто, вели таа и додава дека воопшто не и пречи кога луѓето ја загледуваат и ја прашуваат за него.

Кога имала 13 години сакала да се ослободи од него бидејќи се плашела дека врсниците нема да ја прифатат онаква каква што е.

Сепак, откако дознала дека процедурата носи голем ризик, во последен момент се откажала од одлуката.

Денес се занимава со професионален танц и има далеку поголема самодоверба од порано.

-Во многу од проектите на кои работам изведувачот треба да има определен изглед. Никогаш нема да бидам ангажирана од Дизни зошто тие бараат совршен изглед, но во ред сум со тоа. Не се соочувам со предрасуди, но еден агент ми рече да го фотошопирам белегот на оние кадри каде што ми се гледа главата. Сакајќи да излезам во пресрет, прво се согласив и покрај тоа што бев шокирана од барањето. Потоа едноставно се предомислив, вели Науд.

Нејзиното момче ја сака токму онаква каква што е, што и дава дополнителна поддршка и мотивација да го задржи белегот и да биде уникатна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби