Дали му се заканува истребување на човештвото?

Иако на човечкиот род му се закануваат различни опасности, кои може да однесат огромен број на животи, ние сепак припаѓаме на еден вид кој не е така лесно да се истреби во целост. Блиската иднина секако крие закани како што се катастрофални војни и болести, исцрпување на природни ресурси и целосна еколошка деградација, а борбата против некои од нив започнува токму од човечката волја.



Сепак, човечкиот род успеал да преживее голема несреќа во минатото. Епидемијата Црна Смрт во 14 век убила половина популација на Европа. Тоа била катастрофална несреќа, но не и целосно уништување на човечкиот род.

Што е со моменталната актуелна закана, климатските промени? Човечката активност ја одложува ледената доба, но сепак кога еднаш ќе дојде, можеби нашата цивилизација нема да ја преживее. Сепак, некои од видовите ќе опстанат, баш како што се случило и за време на последната ледена доба.



Научниците веруваат дека во последните 250 милиони години се случиле најмалку 18 истребувања. Еден од нив било истребувањето на диносаурусите пред 65 милиони години, најверојатно предизвикано од удар на комета.



Тешко е да се замисли некоја природна катастрофа – краткотрајна или обилно уништување на целата биосфера – која би предизвикала целосно изумирање на човештвото.

Од друга страна, ние сме способни да осмислиме разни начини за самоуништување. Би можеле да создадеме вирус кој ги погодува само луѓето, можеби нешто слично како СИДА, но кој се пренесува преку воздухот и предизвикува ширење на инфекција или би можеле да ги нападнеме оние 5% на ДНК која прави да се разликуваме од шимпанзата, па со тоа да предизвикаме глобален стерилитет на човечкиот вид.



Се повеќе има теории кои упатуваат на тоа дека вирусот ебола не е случаен, туку дека  светските моќници  го „пуштиле“ од лабораторија поради некоја причина. Прво доаѓа до депопулација на населението поради вирусот, но исто така се наметнува и вакцина која е единствен спас од оваа болест. Во прашање е биолошки напад, па со самото тоа доаѓа до зголемена контрола на населението, карантин, логори, искоренување на страв од тероризам и зголемување на контролата на сите региони. Ширењето паника исто така, оди во корист на светската елита, бидејќи само така може да се воведи контролиран мир, кој треба да следи по организиран хаос.



Било да се овие теории точни или не, во едно можеме да бидеме сигурни: Најголемата закана по човештвото е самото човештво, а она што нас не прави поразлични од другите суштества е можност за избор и слободна волја.

Сторијата е преземена од веб страната www.zivotinje.rs.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби