Најсмртоносните лавини во историјата

Не мора посебно да ви нагласуваме колку се опасни планините, бидејќи тоа веројатно и самите го знаете. Сепак, колку всушност можат да бидат големи нивните снежни лавини и колку илјади животи може наеднаш да земат, тоа веројатно ретко кој го знае. Ви ги претставуваме четирите најсмртоносни лавини, а на оваа кратка листа се најде едно место на кое веќе имало две несреќи.



Планината Уаскаран, Перу

На 31 мај 1970 година, земјотрес под површината на морето, но и во близина на перуанското крајбрежје предизвикало рушење на голем дел од северната падина од планината Уаскаран, која се наоѓа на најголемиот тропски планински венец во светот – Кордилера Бланка.

Лавината се спуштила на висина од 6.768 метри, со брзина од 160.9 км/час, носејќи со себе преку 2 милиони кубни метри снег, лед, кал и камења. Ги потопила градовите Јунгај и Ранрахирку, а убила околу 20.000 луѓе.

Тиролски Алпи

На 13 декември 1916 година, во екот на Првата светска војна, додека Италијанците и Австро-Унгарците војувале за територија, дошло до катастрофа.

Оваа катастрофа не била во целост предизвикана од природата, туку од војската: Во рок од 24 часа, настанале лавини по серија на експлозии измешани со големи снежни врнежи, кои однеле во смрт околу 10.000 луѓе. Процената е дека до крајот на војната на тој начин настрадале вкупно 40.000 луѓе.



Ранрахирка, Перу

Осум години по катастрофалната лавина која однела најголем број на животи во историјата, кои ги спомнавме погоре, истото место било повторно мета на лавина. По снежната бура, тони снег почнале да се слеваат надолу, опфаќајќи две села и убивајќи 1.000 луѓе.

Потоа, силните ветрови ја однеле оваа маса кон ѕидовите на кањонот, а по нив и кон другите локални заедници. Конечно, катаклизматичните 10.000 метри снег излегле низ вратата на кањонот и го потопиле градот Ранрахирка. Настрадале вкупно 3.500 луѓе.

Плурс, Швајцарија

На 4 септември 1618 година, селото Плурс во Швајцарија (денес Пјуро, град во Италија) е избришан од лицето на земјата откако масивна снежна лавина, позната и како лавина Роди, го потопил. Само четворица кои во тој момент биле надвор од градот, преживеале. Се проценува дека таа бура земала 2.430 жртви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби