Страшно: Што кога ќе застане тобоганот на врвот на конструкцијата?Тобоганот на смртта „Cyclone“ на островот Кони, им овозможил на луѓето многу поголем страв на првото возење отколку што се надеваа. Имено, тобоганот во еден момент застанал, па луѓето морале да се спуштаат по дрвената конструкција. Иако сите патници поминале без повреди, траумата која ја доживеале засекогаш ќе им остане во сеќавање.
- Беше страшно, бевме таму горе и сè се вртеше. Не знаев што да правам, изјави Габриела Сентено, една од патничките.
Ана Дартани рекла дека не би успеала да се симне без помош од работник на забавниот парк.
- Се плашам од висина и без нивна помош не би се симнала. Ова беше лудо.
Енџи Морис од забавниот парк рекла дека овој тобоган поминал бројни тестирања пред повторното отворање, а овој проблем до сега не се случил. „Cyclone“ го пуштиле повторно во употреба по неколку часа од застанувањето.
|