Првото бебе зачнато од татко мртов 48 часа

Колку и да ви звучи невозможно, еден маж успеал да зачне дете 48 часа откако починал. Оваа приказна може да ве разнежни, а од неа може и да ве полазат морници.

Ни малку не е спорно колку очајно посакувани бебиња на светов има донесено вештачкото оплодување, а со тоа и среќа и љубов во семејствата. Но, овој сличај е контроверзен до таа мера што ја подели целата научна јавност. Еве за што се работи.



Еден маж од Австралија смртно настрадал на мотор во тешка сообраќајна несреќа. Со оглед на тоа дека со својата сакана сопруга активно работеле на тоа да добијат дете, жената не сакала да се откаже од таа желба.

Два дена ги преколнувала надлежните во институциите, се додека не успеала да издејствува дозвола од мртовечницата да добие сперма од својот починат сопруг. Експертите за вонтелесно оплодување, со специјална метода ја извлекле спермата од починатиот и потоа дел од неа замрзнале, а дел искористиле за вбризгување во жената и нејзино оплодување.

За среќа, оплодувањето било успешно уште при првиот обид, што е вистинска реткост. После девет месеци се родило бебето кое денес има една година.



Овој случај е прв и единствен, заради тоа што ова е прв пат спермата да биде потполно употреблива, со ни малку оштетена ДНК, извадена од човечко тело чиј живот згаснал 48 часа претходно. Досегашниот рекорд го држела семената течност стара малку повеќе од еден ден.

- Од моја перспектива, ова е совршен продолжеток на една трагична љубовна приказна. Многу ми е мило што можев да и’ помогнам на една толку храбра жена која премногу го сакала својот сопруг. И’ се восхитувам на нејзината сила со помош на која успеа да се избори со сите законски препреки, вели експертот за ин витро оплодување, професор Стив Робинсон.



- Знам дека се вели „додека постои живот, постои и надеж“, но ние оваа изрека ја изменивме во „додека постои надеж, постои надеж“, додава тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби