Неколку корисни употреби на кралот на кујната

Кромидот воглавно го користиме како неизбежна намирница во кујната, без која речиси ниту едно јадење не е доволно вкусно. Но, кромидот е корисна билка која може многу да ви помогне и во остатокот од домаќинството. Ви претставуваме листа на неколку неочекувани употреби на овој крал на кујната.



- Намалете ја миризбата на бојата на свежо бојадисаните

 ѕидови на собата, така што ќе ставите парчиња кромид во сад полн со вода кој ќе го оставите на подот во просторијата да отстои преку ноќ.

- Исполирајте ги површините или приборот за јадење од бакар и месинг со „сок“ од кромид. Во блендер помешајте неколку парчиња исечкан кромид со две чаши ладна вода. Натопете ја кујнската крпа во течноста и исполирајте ги избраните предмети.

- Поминете со зарѓаниот нож неколку пати низ главица кромид за да ја отстраните рѓата од него.

- „Чајот“ од кромид ќе ви помогне при настинка или воспалено грло. Кратко варете половина главица кромид во вода и извадете го. Кога добиениот „чај“ малку ќе се подолади, додадете една лажица мед и сок од половина лимон и испијте го.



- Намалете ги модринките, убодите или изгорениците така што ќе исечете половина главица кромид и ставете ја директрно на болното место.

- Истерајте ги од себе комарците и мравките. Од комарците ќе се ослободите доколку на кожата втриете свеж кромид. Мравките отстранете ги со поставување на садови со исечкан кромид на местата каде се собираат.

- Кромидот ќе ги отстрани тврдокорните маснотии насобрани на вашата скара. Добро изрибајте ги решетките и сите места на кои се насобрани маснотиите со главица кромид.

- Искористете празно кругче од кромид за да испржите совршено и убаво јајце на око. Преполовете го кромидот и потоа исечете еден подебел круг. Ставете го на загреано тавче, внимателно скршете го јајцето и истурете го во внатрешноста на кругот, а потоа оставете го да се испржи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби