Двајцата Македонци и официјално се запишаа во Гинисовата книга

Конечно вчера, на 15-ти април 2015 година, Гинис и официјално на нивната веб страница го објави и потврди новиот рекорд на Александар Чекоров и Александар Смилков поставен во дисциплината „Најголема далечина помината со туркање кола од двајца луѓе за време од 24 часа“. Новиот рекорд изнесува 95,07 км. Претходниот рекорд беше 82,4км и беше поставен во 2008 година од страна на двајца американци. Рекордот беше срушен на 13-14 декември минатата година во Спортскиот Центар Форца, се туркаше Даеву Матиз.



Колата се туркаше на кружна патека во салата во присуство на многу бројни подржувачи на настанот, 7 члена судиска комисија од АФМ и истакнати спортски работници и спортисти. Настанот беше документиран со 24 часовно видео, фотографии и записник од страна на судиската комисија. Подршка на настанот обезбедија Македонски телеком и Т-Мобиле, Спортскиот центар Форца, Скопски Маратон, Сојуз на спортови на град Скопје и Горска Вода.

Чекоров е скоро 20 години во маратонското и ултрамаратонското трчање, и е првиот Македонец што има истрчано 100км (1997 год.), сеуште држи македонски рекорди на 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка (890км и 3 место во апсолутен пласман). Сите овие предизвици покрај добрата физичка подготвеност, бараат и ментална сила кој тој ја добива со долгогодишното практикување на медитативни техники од Шри Чинмој – познат духовник, поет, композитор, сликар и спортист.

Смилков е сопственик на фитнес клубот Empire State Building Fitness Centar и тренер а во исто време и активен маратонец. Во Маратнонското трчање е од 2009 год. како член на А.К Еndurance.mk , а најуспешна година му е 2014 кога заедно со Скопско Ноќно Трчање истрча шест полумаратона и два Маратона (Солун, Љубљана). Гинисот му беше предизвик само по себе но заедно со искомбинирани тренинзи успешно беше совладан претходниот и поставен новиот рекордот од 95,07 км.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби