Занимливости за Леонардо да Винчи кои не сте ги знаеле до сега

Леонардо да Винчи, роден во 1452 година, е дете од неформален брак. Живеел 67 години и починал во 1519 година. Ова се едни од најинтересните факти за големиот гениј кој оставил огромен траг кај човештвото.



Мона Лиза ја сликал четири години

Иако според популарните гласини, сликањето на портретот на Мона Лиза траел меѓу 10 и 12 години, од што само неколку посветил во сликањето на усните, сликата всушност ја завршил за помалку од четири години.

Пишувал наопаку, од десно кон лево

Постојат многу теории зошто Да Винчи пишувал на начин на кој што пишувал. Некои од нив прикажуваат дека не сакал да дојдат останатите до неговите идеи, а особено црквата со која не се согласуваше најмногу. Сепак, Да Винчи најверојатно пишувал така за да избегне да се измачка од мастилото, имајќи во предвид дека бил левак.



Бил вегетаријанец и прв борец за правата на животните

Неретко купувал птици во кафези, само за да може да ги пушти надвор на слобода, а многу историчари го нарекуваат Леонардо и прв борец за правата на животните. Исто така, тој бил голем вегетаријанец.

Неговиот ментор престанал да слика од воодушевување на работата на Леонардо

Од својата 14-та година, Леонардо работел со Андре дел Вероча. Кога наполнил 23 години, му помогнал во делото „Исусовото крштевање“. Кога видел како Да Винчи го нацртал ангелот, Андре бил толку воодушевен што повеќе никогаш не фатил четка.

Бил хомосексуалец



Во 1476 година Леонардо бил обвинет за содомија со машка проститутка Јакопом Салтарелиј, кој често се споменува и како негов модел. Содомија било многу сериозно дело кое неретко се казнувало со смрт, но исто така било многу тешко да се докаже.  Хомосексуалноста во Фиренца била многу распространета.

Што се случуваше потоа со сексуалниот живот на Леонардо е непознато. Дел автори тврдат дека обвинувањето за содомија толку го вознемирила што остатокот на животот го поминал во целибат. Други пак сметаат дека редовно се впуштал во сексуални односи со мажи, но овој пат повнимателно. Сигмунд Фројд посветил цела работа на неговата сексуалност во кој заклучил дека Леонардо бил „латентен хомосексуалец кој не преземал ништо за да ја задоволи својата страст“.

Ја мрзел војната

Да Винчи за војната го користел италијанскиот израз „pazzia bestialissima“ што во превод значи „најѕверска лудост“. Многу му замерувале на скиците со оружја и возила за војување, но бројни историчари сметаат дека на нив работел само за да привлече богати финансиери од кои живеел цел живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби