ТЕСТ: Вратата која ќе ја изберете ги открива вашите потреби

Ова е интересен и краток квиз кој ќе ви помогне да откриете или ќе ви потврди неколку работи за вашиот карактер, како и за работите кои ви се потребни во животот.

Изберете која врата најмногу би ве привлекла да поминете низ неа, а потоа прочитајте го толкувањето.



Врата број 1:

Копнеете по едноставните работи во животот. Барате мир и тишина и уживате во периодите кога сте сами. Кога сте во друштво, преферирате тоа да се само најблиските пријатели или семејството. Ви претстојува среќна иднина бидејќи вие точно знаете што сакате и ја држите драмата што подалеку од вас. Уживате во автентичноста и едноставноста. Но, внимавајте да не се доведете во ситуација тоа да ви здодее, па затоа балансирајте.

Врата број 2:

Вие сте создадени за дополнително богатство, но знаете дека тоа ќе се оствари само доколку вложите напорна работа и труд. Со одбирање на вратата со скали, вие имате интенција да се искачувате нагоре во животот. За себе секогаш барате убави работи, но знаете дека ќе треба да се потрудите за да ги добиете. Одејќи чекор по чекор, не се плашите да се искачите на врвот. Напротив, уживате за време на целиот пат до успехот.

Врата број 3:

Треба да бидете многу внимателни. Потребата за авантура и желбата да истражувате и талкате кон непознатото, ќе ви се исплати сè додека не се оддалечувате од предупредувачките знаци. Хидрантот против пожар е симбол на можност за опасност, а што се наоѓа на другиот крај од вратата останува само да погодуваме. Доколку во последно време чувствувате одредени реперкусии како резултат на тоа што превземате премногу ризици, можеби е време да станете попретпазливи. Бројот 26 кој е закачен на вратата, за некои христијани е многу важен бидејќи истиот го симболизира Господ. Без разлика дали сте верник или не, иако чекорите на ризични патеки знаете дека некој е таму некаде за вас и ве чува.

Врата број 4:

Доколку ја избравте оваа врата, подготвени сте да влезете во битка. Без разлика станува збор за борба за моќ, борба да застанете зад себе во приватниот живот или доколку го барате она што го заслужувате на работа, вие ги имате превземено сите чекори за да се подготвите, а тоа ќе ви се исплати. Црвената боја ја симболизира моќта, како и ѕидовите од замок. Ниту железото ни острите рабови нема да ве заплашат и да ве оддалечат од она што ви припаѓа. Предолго време сте биле далеку од она што го сакате, но сега откако го имате преминато прагот, подготвени сте да го превземете целиот замок.

Врата број 5:

Доколку ја избравте оваа врата, не грижете се. Работите ќе се смират и ќе стивнат. Можеби сте минувале низ тежок период, на професионално или на приватно поле, па сега сакате да бидете опколени со лојални луѓе кои ќе ве сакаат безусловно. Доколку последниов период ви бил тежок, фактот дека знаете што сакате слободно може да ви претставува утеха. Фокусирајте се на луѓето и активностите кои можат да бидат постојани и конзистентни, а избегнувајте ги оние кои ќе ве исфрлаат од баланс.

Врата број 6:

Во последно време веројатно чувствувате некоја тежина, но добрата страна е што имате доволно оптимизам за да истраете. На темните денови наскоро ќе им дојде крајот и ќе останат зад вас, но треба да издржите само уште малку. Светлината е на повидок, па затоа не смеете да се откажувате. Размилете за сето она што го имате оставено позади вас. Најлошото е поминато, а сè додека продолжите да работите, ќе ја добиете слободата која ја барате.

Врата број 7:

Подгответе се за хаос во вашата иднина! Но, не грижете се бидејќи тоа не е нешто со кое не можете да се справите. Вие сте речиси помирни кога не знаете каков ќе биде вашиот следен чекор. Сакате да ги држите можностите отворени, па така секоја врата е врата низ која би сакале да поминете. Подгответе се за неочекувани изненадувања, кои можат да налетаат од секоја страна – но, тоа не е ништо ново за вас. Кога ќе наидете на таа неочекувана пречка, ќе бидете подготвени да отворите нова врата.

Врата број 8:

Дефинитивно имате љубопитна природа, а оваа особина најчесто ви се исплати. Постои огромна разлика помеѓу безгрижност и љубопитност, а вие тоа добро го знаете. Знаете дека е добро да се ризикува, но секогаш во предвид ги земате и последиците. Вашата страст за авантура ви носи многу можности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби