Едноставни чекори за да лажете како политичар

Политиката е немилосрдна работа, па дури и на најдобронамерните предводници им се подлизнува по некој лош потег. Кога тоа се случува мора да пронајдат оправдување за своето однесување и одлуки, но и да понудат уверливи аргументи.



Па како и вие да постапувате како политичар, кога сте фатени во тесно?

Прв чекор: Тоа е лага. Никогаш не се случило тоа!

Кога некој ги обвинува за лош или непростлив потег, првиот инстинкт е одрекување. Бил Клинтон изјавил дека „никогаш немал сексуални односи со таа жена“ (се мисли на Моника Левински), додека режимот на Басар ел-Асада во Сирија на почетокот тврдел дека немало никакво хемиско наоружување.

Втор чекор: Обвинете некој друг

Ако веќе не можете да го скриете тоа што се случило, обвинете некој друг. Оваа одбрана има најмалку две варијанти:

- Првата опција е да признаете дека тоа се случило, но истовремено да ја префрлите вината на противниците. На пример, турскиот премиер Ердоган за сите критики кон него и неговата влада ја обвинува опозицијата која според него „упорно кова завери“.

- Втората опција е да признаете дека поради вас се криви подредените. Затоа што ако успеете да обвинете некој друг, тогаш вие можете да поминете неказнето.

Трет чекор: Погрешив, но ненамерно.

- Никој не ги зема во предвид негативните последици, јас навистина се извинувам за тоа што се случи, но не сакав до тоа да дојде.

Токму на овој начин владата на САД ги оправдала нападите на беспилотните летала врз цивилното население, опишувајќи ја целата ситуација како „колатерална штета која е ненамерна“.



Четврти чекор: Немав друг избор

Ако не можете да ги негирате ни фактот, ни намерата, следниот чекор е да ги убедите другите дека алтернативите се уште полоши или дека другите ве присилиле за да постапите непромислено.

Така на пример, по нападот на кулите близначки на 11 септември, поранешниот американски министер на одбраната и архитект на инвазијата на Ирак, Доналд Рамсфелд, се потрудил да ги пренасочи критиките упатени кон САД така што изјавил дека „одговорноста за секоја жртва во оваа војна, независно од тоа дали се работи за невини цивили или невини Американци ќе ја сносат Ал-Каеда и Талибанците“.

Петти чекор: Сите тоа го прават, а противникот е уште полош

Едно од оправдувањето е и она дека сите тоа го прават и дека оние кои се нашле на удар на критиките всушност се неправедно издвоени. Оваа стратегија можете да ја однесете чекор натаму и да констатирате дали вашите противници се полоши од вас. На тој начин администрацијата на Буш се потруди да ги оправда мачењата и кршењата на човековите права во борбата против тероризмот при што го прикажувале Ал-Каеда како лоша закана која ги оправдува дури и најгрубите кршења.

Шести чекор: Нагласете дека можело да биде и полошо

Ако направите нешто што на прв поглед изгледа лошо, укажете го сето она најлошо што можело да се случи. На пример, оние кои се трудат да го оправдаат користењето на бесбилотните летала тврдат дека овој потег на војување е далеку посигурен и попрецизен отколку другите видови на војување. Со други зборови, треба да им сме благодарни на Американците што не го користат целиот свој арсенал.

Седми чекор: Околности



Сите лидери се склони на тоа да веруваат како нивните постапки, колку и да се погрешни или злонамерни, се оправдани со историјата, геополитичките околности или пак со глобалните одговорности. Размислете за вашите околности и одбранете се.

Осми чекор: Играјте на картата на покајувањето и извинете се

Понекогаш може да се најдете во ситуација од која не можете да избегате ниту да се одбраните. Но, можно е да се извлечете од казната ако ги уверите другите дека се каете.

Деветти чекор: Рамсфелдова одбрана

Кога сè останато ќе пропадне, овде е „Рамсфелдовата одбрана“, која гласи: Понекогаш работите едноставно се случуваат. Можеби не одело сè како што сме замислиле и во процесот можеби настрадале невини, ама кај донесувањето на важни одлуки тешко е да бидеме 100% сигурни и понекогаш оние кои имале најголема корист од нашата строга, но праведна љубов не се најблагодарни. Сепак, тоа не е наша грешка. Секогаш ќе постојат непознати работи и никој не е совршен. Тужете ме.

На прв поглед овој пристап делува неефикасно, но Доналд Рамсфилд по овој потег си задржа уште четири години и никогаш не бил обвинет за се она за што го обвинувале. Токму ова е доказ дека дури и најлошо алиби понекогаш поминува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби