10 работи кои ќе ви го продолжат животот

Доколку барате проверен рецепт за здравје, мир и долговечност, побарајте го од искусните мајстори, кои речиси две илјади години изнаоѓаат начин да живеат во склад со себе и со природата.



Иако западниот свет ги поврзува само со Кунг Фу, Таи Чи или Чи Гонг боречките вештини, Шаолин монасите знаат многу повеќе за животот. За нив е познато дека живеат многу долго и здраво, дека се витални и смирени и нивното учење всушност претставува спој на учењето и верувањето на будизмот и таоизмот.

Тие веруваат во еден пат за секој од нас, веруваат дека секој во себе носи своја вистина до која сам мора да дојде и тоа преку боречки вештини и медитација. Шаолин вештината не може да ја направи реалноста поубава, бидејќи реалноста зависи само од тоа како секој од нас гледа на себе и на својот однос со светот.

Кунг Фу вештината за Шаолин монасите претставува алатка за себеспознавање. Принципите на ваквата философија може да се применат каде и да живеете и со што и да се занимавате, а здравјето и долгиот живот ќе ви бидат осигурани.



Така, Сифу Јан Леи, мајстор од 34-та генерација на овие боречки вештини, издвоил неколку совети за сите кои сакаат да живеат долго и здраво и да ја зачуваат виталноста.

Овие 10 совети сигурно ќе ви бидат од корист, бидејќи позади нив стои мудрост стара илјадници години.

Немојте премногу да мислите. Размислувањето троши многу енергија. Од премногу размислување стареете.

Немојте многу да зборувате. Повеќето луѓе зборуваат или дејствуваат. Подобро да дејствувате.

Кога работите, работете 40 минути, а потоа направете 10-минутна пауза. Кога гледате во нешто подолг временски период, го нарушувате видот и внатрешните органи, како и внатрешниот мир.



Кога сте среќни, контролирајте го тоа чувство. Кога ќе изгубите контрола, ја уништувате енергијата на белите дробови.

Немојте премногу да се грижите или да се лутите, бидејќи на тој начин ја расипувате енергијата на црниот дроб и цревата.

Кога јадете, немојте да јадете премногу. Кога ќе се прејадете, ја пореметувате работата на слезината.

Кога нешто работите, не брзајте. Одете побавно и ќе стигнете побрзо.

Доколку се занимавате со физичка активности и не работите Чи Гонг (вежби со дишење и фокус), ќе станете многу нетрпеливи и нервозни. Ќе го изгубите балансот во своето тело, ќе го изгубите Јин - женскиот принцип, кој со Јанг принципот одржуваат баланс.



Доколку не се занимавате со физичка активност, само се одмарате или медитирате, повторно го губите балансот и нема да ја имате енергијата на Јанг.

Шаолин Кунг Фу ви дава сè. Суштината на тренингот е да се направи баланс помеѓу Јин и Јанг. Не е важно колку часа вежбате. Важно е да му го дадете на телото она што му е потребно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби