Најдобрите велосипедски тури во светот

Велат дека еднаш кога ќе научиш да возиш велосипед веќе никогаш нема да заборавиш. Но, што е со велосипедските тури? Постои ли идеална тура или сето тоа е само мит?

Истражувавме низ интернетот и пронајдовме неколку фасцинантни велосипедски патеки низ светот.

Државен пат бр.1, Виетнам



Овој исконски пат спојува два големи града во Виетнам, Ханои и Хо Чи Мин, а возењето велосипед по него значи дека ќе ја извозите целата должина на земјата. Должината на турата е 1112км и потребни ви се отприлика две до три недели за да ја завршите. Евтино, преубаво и незаборавно искуство.

Патот Great Divide, САД и Канада



Ова е главната американска велосипедска патека која се протега од Ново Мексико па сè до границите со Канада. Ви изгледа долго? Па и долга е. Се работи за 4400км, но секој километар вреди, гледајќи го прекрасниот американски пејзаж.

Патека Munda Biddi, Австралија



Noongar Aboriginal е името на оваа 1000км долга патека за велосипедисти, која во превод значи пат низ шума. И точно тоа ќе го доживеете на оваа патека, високи дрвја од еукалиптус од кои будно ве набљудуваат коали.

Shimanami, Јапонија



Иако многу пократка од останатите патеки, долга 67км, не значи дека е толку малку вредна за внимание. Оваа патека води преку шест мали острови и е совршена за еднодневен излет.

Патека на големиот океан, Австралија



Како што и називот вели, оваа патека ве води преку 276км крајбрежје и песочни плажи. Малку песок во педалите  никому не му наштетил.

Тура на големите Алпи, Франција



Патеката од 684км минува низ Француските Алпи и е составен дел од Tour de France. Патеката ве води од Женевското езеро до Средоземното море и би можела да биде совршен избор за летен одмор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби