Најлудите туристички „професии“

На листата на најлуди туристички работи, нема да пронајдете ниту водичи, ниту аниматори, ниту рецепционери туку сосема различни „професии“. Луѓето во туризмот се занимаваат со мошне чудни работи како што се бркачи на мајмуни и батлери за тен!

Пред точно шест години, патничкиот авион US Airwaves се срушил во реката Хадсон, набрзо по полетувањето од њујоршката писта Лагуардија. За среќа, ниеден од 150 патници и членови на екипажот не загинал, а причината за падот била многу бизарна. На авионот му откажале и двата мотори откако се судрил со јато птици кои се вплеткале во моторите.



Со оглед на тоа случување кое за среќа завршило добро, аеродромите смислиле начини како да се заштитат од птиците. Па така, ако сте невработени, а се подготвувате да заминете во странство, знаете да управувате со оружје, можеби работата во Цирих е идеална за вас. Таму вработуваат ловци кои во случај ако се приближат птици на пистата пукаат кон нив и ги бркаат. Од друга страна пак, Холанѓаните се малку помодерни, па аеродромот во Амстердам има роботи кои се задолжени за плашење на птиците кои се наоѓаат во близина.



На сосема другиот крај од светот, во Индија, постои и т.н. „бркач на мајмуни“. Негова задача е да го помине денот во хотелот и да ги спречат мајмуните да крадат храна од гостите. Колку и да звучи чудно, работата е симпатична и интересна.

На островот Сент Томас, постои човек кој ги штити гостите да не им падне кокосот врз глава. Неверојатно!



Сите сме запознаени со натпреварувањето меѓу хотелите, па секој хотел сака да понуди подобра и побогата понуда. Затоа, некои хотели претерале со овие понуди, што гостите во одредени хотели може да ги искористат услугите од „батлерот за тен“, кој е задолжен да ви носи чадор каде што се движите и да се грижи да не изгорите.



На оваа листа вредат да се додадат и „книго-терапевтите“ за помош при избор на книга за време на одмор или „професионалците за бањање“ кои се одговорни за квалитетот на вашата купка за бањање.

Преку ова гледаме дека светот е навистина чудно место, па затоа тргнете во истражување!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби