Најдобрите плажи на Албанското крајбрежје

Со модернизацијата на Албанија сè почесто се одлучуваме да го поминеме годишниот одмор на Албанското крајбрежје. Ако до сега не сте биле, верувајте дека ќе се изненадите од тоа колку напреднале, а ако сте биле порано ќе забележите дека сега има изградено уште многу работи. Туризмот веќе е добро развиен, а цените се мошне достапни и за нашиот стандард. Токму затоа ви ги претставуваме најдобрите плажи на Албанското крајбрежје.

Паласа



Ова е совршена плажа за кампери, затоа што во близина постои кампинг место, кое што е мошне потивко од бучните градови. Плажата е долга и исполнета со бел песок, а на неа може да најдете кафе-барови, пицерии и ноќни барови.

Дерми



Плажата Дерми е една од најпознатите во Албанија, долга неколку метри и прекриена со бел камен. Низ текот на годината е тивко место, а во лето знае да биде многу бучно. Но, плажата е доволно долга што секој турист може да си го најде местото кое му одговара.

Ксамил



Јужно од Саранда, Ксамил е неофицијалниот главен град на Албанското крајбрежје. Во близина се наоѓаат три мали острови каде што се упатуваат бродовите и пливачите. Ова е најблиската точка со грчкиот остров Крф, кој може да се види во далечината.

Бунец



Оваа плажа е тивка и необична, поделена со река чие течение доаѓа од планините. Но, заоѓањето на сонцето е она што овде мора да се доживее. Тивкото попладне на оваа плажа е за некој кој навистина сака да се одмори од секојдневниот живот.

Химара



Овој град има многу нови градби и е меѓу омилените градови на туристите. Во близина на градот, на оддалеченост од 3км се наоѓа плажата Ливадија, широка и долга, со чиста вода за пливање. Но, и плажата во градот Химара ветува многу, па не ја пропуштајте.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби