Бугарска ривиера: Најдобрите плажи на Црното море

Откако „прошетавме“ низ албанското крајбрежје, на ред дојде и уште еден наш сосед, односно Бугарија и плажите на Црното море. Бугарското крајбрежје има прекрасни плажи со бел песок, на кои постојано се одржуваат забави, со што ја прави Бугарија одлична дестинација за помладите.

Сончев брег



Ова е една од најпознатите плажи во Бугарија, а воедно и најживата и најголемата плажа. Сончев брег е долга 8км и се наоѓа веднаш по Несебар. На оваа плажа ќе најдете ресторани, барови, како и ноќни клубови во кои се прават најлудите журки.

Златни песоци



Името на оваа плажа целосно ја опишува, бидејќи плажата е исполнета со песок во златна боја, а многумина веруваат дека токму овде се наоѓа најубавиот песок во цела Европа. На оддалеченост од околу 20км од Варна, Златни песоци нуди интересни ресорти за фамилијарен, но и друштвен одмор. Плажата е опколена со природниот парк „Златни песоци“, кој има густа шума.

Албена



Ова е една од плажите која нуди фамилијарна атмосфера со аква-паркови, мини-голф терени и забавни паркови. Долгата, чиста и песочна плажа се влева во чистата вода, која не е воопшто длабока. Со оглед на длабочината на нивото на водата во овој регион, Албена е погодна доколку имате мали деца.

Ахтопол



Ова е најјужниот град во Бугарија, кој не е многу далеку од турската граница. Во Ахтопол нема да најдете луд ноќен живот, туку рибарски бротчиња, дрвени куќички и светилник,. Името на градот значи „Град на љубовта“, па можеби токму затоа забавта останува во посеверните градови на бугарската ривиера.

Иракли



Оваа плажа е за нудистите, па оние кои обожаваат добар тен, добредојдени се во Иракли. Она што е интересно е што овде се нуди бесплатно кампување на плажата, каде што често ќе гледате лагуни, желки и разни птици, кои живеат во овој крај. Ако сакате интимност тогаш ова е вистинската плажа за вас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби