Воините на најславните училишта во светот

Колевката на зен-будизмот и кунгфуто

Кинеската покраина Хенан е сместена во централно-источниот дел на Кина, а го опфаќа централниот и долниот тек на Жолтата Река. Од тука името на оваа покраина Хенан што значи „јужно од реката“, која сега има над 106 милиони жители. Многумина ќе кажат дека Хенан е музеј на кинеската историја и култура.



Во историјата на Кина долга 5.000 годинни, над 200 кралеви и цареви во повеќе од 20 кралства и династии ги основале градовите во Хенан. Од осум древни градови дури четири се сместени во Хенан, вклучувајќи ги Лујанг, Каифенг, Анајанг и неговата престолнина Женгжоу.



Храмот „Шаолин“, во подножјето на планината Сонг, во кинеската провинција Хенан, со реномето заслужува епитет на прв храм под небото. На листата на УНЕСКО ова културно наследство се најде уште во 2010 година. Покрај тоа што е колевка на зен будизмот, „Шаолин“ е место во кое се учат боречки вештини. Тоа училиште моментно го посетуваат околу 15.000 курсисти.



Од една симпатична 16-годишна девојка дознаваме дека во подножјето на планината Сонг станува во шест часот, а потоа прво ја учи теоријата: кинески и англиски јазик, историја... По ручекот следат вежби, но и попладневен одмор, додека на спиење во училиштето кое е старо 50 години, оди во 21:30 часот.



Некои старосни граници за сите кои сакаат да учат кунг-фу нема, па така во дворот на училишниот комплекс гледаме и деца, но и луѓе до 80 години. Но, ова е приватно училиште, па кинеските државјани кои на своите деца сакаат да им овозможат престој во „Шаолин“ за една година треба да издвојат 16.000 јуани, односно 2.350 евра, додека странците само за еден месец престој на ова место треба да платат 8.000 јуани.



Учениците ни објаснуваат и дека во борбите нема слободен стил, се почитуваат правилата, а секоја година се организира и натпревар меѓу училиштата. По завршување на ова училиште, многумина одат на колеџ, вработување наоѓаат и во специјални единици на кинеската полиција и во обезбедување, а често се посветуваат и на уметноста.

Додека поминуваме низ спортските терени, на кои стојат и вреќи за бокс, Гао Јанг ни раскажува за почетоците на ова место, за кое е заслужен Бодхидхарма, индиско свештено лице, а кое уште во петтиот век во „Шаолин“ го донел зен будизмот.



Влегуваме во сала во која почнува презентација на сè што во овој дел на Кина може да се научи, а се однесува на боречките вештини. Тешко е со зборови да се опише превртувањето во воздух со мач во рака, крешењето на цигли со рака, стоење на мачеви, начините на кои низ стакло со чепкалка може да се дупне балон, а тоа исто стакло да остане непипнато...



Со 172 рутини од книгите кои се користат во „Шаолин“, постојат техники од 72 вежби, 36 надворешни и исто толку внатрешни.

Оригиналното издание на прирачникот за копаничарство е зачувано во храмот „Шаолин“. Но, во 1928 година храмот го зафатил пожар во кој се уништени сите древни книги и евиденции. Од тогаш многу вештини на „Шаолин Маршал Артс“ се пренесувале од генерација на генерација.



Од „Шаолин“ одиме неколку километри подалеку и излегуваме на отворена сцена. Гледаме претстава во која учествуваат 600 изведувачи. Во неа се користи и најголем систем на расветлување на светот со над 2.800 светла со кои се управува со компјутер.



Сцената се протега долж планината Сонгшан, од подножјето до врвот, на 1.400 метри висина, а среде Шаолин Зен Мјузик Ритуал, како што е официјалното име, зад планината излегува и Месечината.



Во текот на самата претстава монаси летаат, пеат, девојки свират, изведуваат на сцената домашни животни... Самиот ритуал е поделен во пет дела: вода, шума, ветер, светло и камен. Цената на влезницата е од 168 до 980 јуани, а нашите влезници како што дознавме од домаќините изнесуваа околу 50 евра по човек..



Прв храм

Ова големо шоу прв пат било изведено во мај 2007 година, а композиторот Тан Дун освоил Оскар за музика користена во филмот „Скриен Змеј“, создадена по углед на „Шаолин Зен Мјузик Ритуал“.



По излегувањето се соочивме со голем број курсисти на училиштето, кои и самите учествуваа во претставата, а ние летаме што побрзо да купиме ДВД од претставата во блиска сувенирница.  Цената е ситница, 12 евра, па гледаме и бираме статуи на Буда, кунг-фу воини во разни борбени ставови, се за нешто повеќе од две евра. Да го наведеме и будизмот, бидејќи во Хенан го посетивме и храмот „Беч коњ“, според преданието прв будистички храм во Кина, основан уште во времето на династијата Минг.

Кинезите на божествените статуи принесуваат овошје, вода, долго се молат на колена, а во дворовите на храмовите палат стапчиња. Можеби најдобар опис на будизмот ни даде заменикот директор за надворешни работи во владата на Хенан, Јанг Веибин, велејќи дека во будизмот нема цркви, Библии... - Сите можеме да бидеме будисти во главата, вели Јанг.

Според описот од Сонгшан Травел Нотес, методите од различните училишта за кинески боречки вештини се интегрирани во храмот „Шаолин“. Дека ова училиште станало познато надалеку, сведочи и посетата на рускиот претседател Владимир Путин на „Шаолин“ во 2006 година, на Џеки Чен, како и на поранешниот светски првак во бокс Ивандер Холифилд. Кампови за обука на кунг-фу по примерот на „Шаолин“ денес постојат како во САД, така и во многу европски земји.

Ослобоѓење – Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби