Заборавете на чадорот

Најсончевите дестинации во светот

Постојат места, каде што сончевото време е секојдневие и жешкото време е загарантирано. Во тие места не треба постојано да се носат чадори, како што е ситуацијата во Лондон, туку потребно е да се носи лесна облека и големи количини на вода. Ние ви ги набројуваме најсончевите дестинации, а вие може да си одберете која ќе ја посетите.

Богнор Риџис



На јужното крајбрежје во Англија се наоѓа Богнор Риџис кој во просек има 1920 часови сонце во годината, од кои 252 само во јули месец. Освен овој град, други сончеви градови во Англија се и Истбурн и Каналските острови.

Чиле



Просечните часови на сонце во Чиле варираат, но според досегашните процени, една од трите точки која достигнала над 4000 часа сонце е северен Чиле. Исто така и Сан Педро де Атакама е сончев предел, каде што има 8 часа сонце секој ден од годината и воопшто нема појава на дождови.

Тајланд



Според Светскиот центар за метеоролошки податоци, Сонгла во Тајланд има најголеми сончеви периоди во февруари, Калколи во Монголија во октомври, додека Нанавут во април и мај. Ова значи дека кога ќе го посетувате Тајланд, мора да обрнете внимание во кој месец одите.

Австралија



Северна Австралија се соочува со 3569 часа сонце во годината или во просек 9.8 часа сонце секој ден. Што се однесува до поголемите градови, Перт е најсончев со 3200 сончеви периоди годишно, вклучувајќи над 10 дена во јануари и декември.

Мадагаскар



Тулеар во Мадагаскар ужива во сончевата топлина 3597 часови годишно, а веднаш зад него се најде Лодвар во Кенија со 3578 часа.

Абу Даби



Следен на листата е Абу Даби, кој се соочува со најмногу сончеви периоди во мај, со околу 350 часови во просек.

Јужна Африка



Градот Апингтон во Јужна Африка искусува 3732 часа сонце секоја година, а најповолен период за посета е јануари, ноември и декември во кои има 11.5 часа сонце дневно.

Судан



Едни од најсончевите земји се лоцирани во Сахара. На овој регион се наоѓаат Судан со 3814 часови, Чад со 3792 и Нигер со 3674 часови сонце годишно.

Египет



Знаевте ли дека Британците не го посетуваат Египет поради високите температури? Тие дневно достигнуваат околу 47°С, а вечерите се симнуваат до 24°С. Паметно од нивна страна.

Аризона



Ова е најсончевиот предел на нашата планета. Јума во Аризона достига до 4015 часови на сонце годишно. Мај и јуни се најсончеви со 400 часа сонце. Веднаш зад неа се наоѓаат Лас Вегас, Невада и Тексас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби