Лисабон нуди многу туристички атракции. Прекрасниот главен град на Португалија плени со прекрасната атхитектура, тесните улици и ретро трамваите. A Cidade das Sete Colinas (градот на седумте ридови) како што е познат, има уште една атракција за која малкумина знаат.
Santa Justa лифтот. Единствениот т.н. вертикален лифт во градот кој е функционален (така велат за него Лисабонците) е именуван по Santa Justa, историскиот дел на Лисабон. Тој поврзува повеќе улици во Baixa со Largo do Carmo, а од контрукцијата и пуштањето во употреба во 1902-та година е еден од најпрепознатливите симболи на градот.
Santa Justa лифтот е во нео-готски стил, а е изграден од дрво, цимент, железо и стакло. Дизајниран е од Раул Месниер ду Понсард, архитект и цивилен инжињер кој бил студент на Густаф Ајфел. Лифот е висок 45 метри а во лето е отворен за посетителите од 7 наутро до 11 навечер. На врвот од лифтот има киоск во кој може да се купат сувенири но и можност за панорамско разгледување на тој дел од Лисабон.
Погледнете.