СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ

Главниот град на Малта – рај за туристи

Валета, главниот град на Малта, практично е град-тврдина, сместен на полуостров, а окружен со заливи.



Доколку се наоѓате во овој величествен град, каде и да го упатите вашиот поглед, ќе видите само високи и дебели ѕидини во неколку редови, куполи и цркви.

Скапоцениот бисер на Валета несомнено е катедралата Св. Јован, која датира од 1577-та година, целата направена од мермер, злато и сребро, а преполна со уметнички дела, скулптури и слики.



Каде и да погледнете додека се шетате низ тесните улички, ќе гледате во нешто старо пет века, со толку испишана историја што е невозможно да биде споменато баш сè. Главната Републиканска улица води до самиот крај на полуостровот. Лево и десно од него се лоцирани продавници, кафулиња, ресторани и историски згради.

Во 19 часот во Валета затвораат сите продавници и локали и градот нагло се смирува и се празни. Туристите се префрлаат во своите хотели. Тоа всушност се заливи и полуострови северно од Валета, кои се преполни со хотели, ресторани и продавници. Повеќето се наоѓаат покрај крајбрежјето долж кое се наоѓа шеталиште долго километри.



Центарот за ноќниот живот за младите е Pacewille. Покрај скапите хотели, трговските центри и продавниците, тоа е сплет на улици со многубројни кафулиња, ресторани и дискотеки. Само во една улица се наоѓаат 10-тина дискотеки. Fast food ресторани има од сите можни светски ланци. Едно пиво чини 1 евро, а два коктели можете да добиете за 4 евра. На островот работат дури 38 училишта за странски јазици, воглавно за англиски. Истите имаат дури и свои хотели.

Повеќето хотели имаат сопствени базени, кои често се наоѓаат и на крововите. Кој сака помирни места за одмор, а воедно и поефтини, можат да изберат помеѓу Bugibba, Qawra, St.Paul’s bay, Mellieha или Gozo. Најголемата и најубавата песочна плажа се наоѓа во големиот залив Mellieha bay.



Гастрономската понуда е повеќе од богата. Пристоен, обилен оброк во рестораните може да се добие за 6 до 12 евра, а во цената се вклучени и помфрит и салата. Од националните специјалитети треба да ја пробате алјота, рибја чорба и фенек, зајачко месо подготвено во црвено вино. Од морските специјалитети најпознати се сабјарка на жар и сезонската бела риба лампуки. Сето тоа задолжително треба да го залиете со добро домашно вино или со малтешко пиво.

Такси превозот има фиксни цени за главните дестинации и е многу посакп во однос на јавниот превоз. Сепак, цената треба да ја договорите однапред. Изнајмувањето на автомобил не е скапа опција. За помало возило за седум дена ќе треба да платите од 100 до 150 евра, но проблем е што во Малта се вози на спротивната страна, има голем сообраќаен метеж и недостаток на паркинг места.



Кога станува збор за сувенири, најдобро е да изберете малтешки крст, рачно изработени ткаенини и тантела или предмети од филигранско сребро и злато.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби