Најдобрите места за уживање во есенските пејзажи

Како што пристигна есента, така почнуваме да мислиме на зимница, чај, топло кафе, ги вадиме омилените џемпери од гардероберите, но најмногу од сè уживаме во фотографирање на неверојатните пејзажи. Некои дрвја пожолтуваат, некои лисја стануваат портокалови, а зимзелените се овде за да ги разбијат топлите тонови.

Поради убавината на есента, ви предлагаме неколку места во светот во кои може да уживате во есенската убавина.

Националната колекција на дрвја, Британија



Ако имате можност посетете ја националната колекција на дрвја во Глочестершајн, Британија, кој е прекрасен парк исполнет со разни видови на дрвја. Според нивните досегашни сознанија, првите дрвја чија боја на листови ќе се смени е дренот, а при крајот на септември ќе пожолтат и јаворот и оскорушата.

Јапонија



Во Јапонскиот јазик постои термин „koyo“ кој всушност ги означува есенските лисја. Од средината на септември секоја година, речиси целата Јапонија е обоена во златно-портокалови нијанси, кои траат сè до крајот на ноември.

Јужен Исланд, Нов Зеланд



Есен доаѓа малку подоцна на јужните предели, но погледот вреди да се чека до средина на април. Тие се обојуваат во жолта боја, а особено се убави оние покрај река или езеро.

Езерото Блед, Словенија



Познато како едно од најубавите езера во светот, езерото Блед е обиколено со планини, чии дрвја се прекрасни во есен. Неверојатниот есенски пејзаж ја разубавува и црквата од 17 век, која е изградена на карпа.

Баварија, Германија



Планините, езерата и шумите јужно од Минхен се нешто магично. Таму пожолтуваат дури и елките, во некоја не толку нападна, но сепак привлечна жолта нијанса. Сепак, ако не сакате да го пропуштите Oktoberfest, тогаш градината во Минхен ќе ви биде сосема доволна за да се освежите со есенска убавина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби