MUST VISIT

Дестинации за љубителите на мистичноста

Светот е исполнет со мистерии, а ако сте љубители на мистичноста сигурно уживате истражувајќи различни локации. Претпоставуваме дека адреналинот ви е на високо ниво додека откривате некои од најдобрите спектакуларни дестинации, а ние само ви предлагаме неколку кои што можете да ги додадете на вашиот список.

Стариот град Петра, Јордан



„Изгубениот град“ како што многумина го нарекуваат, составен е од стотици домови, гробови, замоци и олтари, како и театарот кој може да собере и 3000 публика. Се верува дека градот е изграден во 1 век п.н.е., па со оглед на тоа сигурно крие неверојатни тајни.



За да влезете во градот мора да поминете низ стрмна долина опколена со високи ѕидови и столбови од страните.

Кеопсовата пирамида во Гиза, Египет



Единственото чудо од античкиот свет кое постои до денес се верува дека било изградено како гроб за египетскиот крал Куфу, од четвртата династија кралеви на Египќаните.



Експертите веруваат дека градбата на гробот завршила во 2540 п.н.е., а откога е изградена пирамидата се смета за највисоката градба направена од човечки раце.

Стоунхенџ, Англија



Се верува дека Стоунхенџ е изграден околу 3000 и 2000 година п.н.е., но никој не знае како или што претставува. Иако постојат многу теории, од трансформирање на карпите, до преместување, Стоунхенџ е една од најголемите мистерии од старите времиња.



Наскански линии, Перу



Линиите претставуваат низа на стари геоглифи во пустината Сечура во Перу. Никој не знае како настанале овие линии со површина од околу 80км, кои претставуваат детални животни како мајмуни, птици, риби и лами.



Повеќето од нив може да се видат само при летање или од околните кули за набљудување. Сепак, се уште останува недоговорено прашањето како луѓето од примитивната цивилизација успеале да направат прецизни форми на толку голема површина, без да ги гледаат од огромна височина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби