Во Македонија има толку многу прекрасни места, дестинации и локации кои вреди да се посетат. Ако се прошетате низ поголемите градови или пак низ некои од познатите локалитети, ќе забележите многу странци кои постојано доаѓаат овде да ги откријат нашите богатства, културата и традиционалните јадења. Токму на тоа се сетил тимот на Discovering Macedonia, кој решил да направи веб-страна која ќе им помогне на странските туристи подобро да ја истражат и да ја прошетаат нашата татковина.
Мисијата на Discovering Macedonia е промоција и поттикнување на странските туристи да ја откријат и истражат Македонија преку еден интересен пристап, кој во центарот го поставува туристот. Тимот верува дека благодарение на оригиналните репортажи, фотографии и видеа ќе ја промовира Македонија во целиот свет.
Discovering Macedonia нуди повеќе услуги, меѓу кои и закажување на хотелски и апартмански престој, како и авионски летови од речиси целиот свет. Она што е мошно интересно е што на страната има и локатор на кој можете да ги пронајдете најважните локации како што се банкомати, менувачници, аптеки, паркинзи, продавници, бензински пумпи, ресторани и кафулиња.