Зошто треба да тргнете сами на патување?

Од семејни, па до романтични, патувањата секогаш се доживуваат во кругот на драги луѓе. Но, колку и да ни се драги, некогаш е тешко да се прилагодиме, а ако патуваме сами, сигурно ќе бидеме во прилика да доживееме некои нови и луди работи.

- Кога патувам сама, обично зборувам почесто со локалните жители, а моите планови остануваат отворени, смета Џенис Вог, авторка на блогот Solo Traveler.



- Благодарение на тоа, многупати ме повикале на гости во домот на нечиј жители, еднаш бев во посета на подземна коцкарница во Шангај, па дури и на нуркање во Црвеното море, додава таа.

Со исти искуства, може да се пофали и Марио Вилсон од Сан Франциско, на кој не му паѓа на памет да најми водич за градот или земјата во која се наоѓа.

- Водичот не може да ме одведе таму каде што сакам да одам. Искуствата ги доживувам зборувајќи со луѓето кои ги среќавам. Така на пример, мојот таксист во Камбоџа беше припадник на Црвените Кмери. Поминав со него цело попладне зборувајќи, иако тој воопшто не го зборува мојот јазик.



Ако сте гурман, верувајте дека ова ќе ви одговара.

- Ако сакате храна и авантури, соло патувањето е создадено за вас. Во случај да сакате да пробате воловско срце на скара или сендвич со јагнешки мозок, нема да можете затоа што повеќето кои се со вас ќе инсистираат да јадат пица или некој сендвич, препорачува Стивен Форд.

Тој додава и дека со самото тоа што сте сами, помалку ќе се однесувате како турист, а повеќе како локален жител. Последицата на тоа е дека тамошните жители ќе ве третираат многу поразлично.

Патувањата без друштво се полни со непрестајни сознавања на самите себе, но и поврзаноста со природата и луѓето кои ги среќавате.



- Чувството на поврзаност со другите луѓе е она што не прави среќни, а тоа чувство на соло патувањата недостасува. Сепак, немојте да очајувате, подгответе се на моменти на осаменост и оставете ги да поминат. Сетете се дека овде сте да истражувате нови светови и култури, уживања во забави и запознавање на луѓе поразлични од вас. Сите тие искуства ќе станат дел од вас и ќе ви помогнат да растете на различни начини, заклучува Кајли Пенела, Американка која денес живее во Мексико.

Што уште чекате? Резервирајте карта и вивнете се во авантурата!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби