Што го прави толку посебно Скадарското езеро?

Огромна водена површина, села во кои и времето застанало, тврдини, манастири, богата флора и фауна – е она што го прави посебно Скадарското езеро.

Ова езеро се простира на 400км2 и е единствено. Се наоѓа на површината на две земји, Црна Гора и Албанија. Можеби кога го гледате сметате дека знаете сè за него, но тоа не е така.



Сите имаат да кажат по нешто за езерото и тоа често им го зборуваат на туристите кои сакаат да се возат со кајче по него или пак да се шетаат околу неговата површина и да уживаат во брановите.

- Ма каков интернет! Секој весник е мал за да се раскаже сè она што го носи езерото со себе со векови, нудејќи им опстанок на луѓето, птиците и рибите. За него најдобро ќе дознаете во неговите води или бранови, објаснува Војо Петровиќ од Подгорица.



Скадарското езеро е дом на над 280 видови птици, но исто така разновиден е и животинскиот свет. Овде постојат неколку ресторани каде што може да уживате во добрата храна и вина, но и да уживате гледајќи ги рибите како пливаат во водата.

На крајбрежјето на езерото некогаш се наоѓале околу 60-ина манастири и цркви. Некои од нив се рушени,а други се уште постојат. Освен црквите, овде се наоѓал и Grmožur, кој во времето на кнез Никола бил затвор од кој било невозможно да се избега. Затворот, познат како „црногорскиот Алкатраз“, бил познат и како остров на змиите.



Во 1968 година, околината на езерото била прогласена за најголемиот национален парк во Црна Гора, со цел да се заштити прекрасната природа. Неизбежна е и посетата на реката Црнојевица, која е една од најпознатите и најстарите реки во тој дел на Црна Гора. Ќе ве освои за миг, затоа што има единствен амбиент и тишина, кои ви дозволуваат да уживате во целост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби