Необични закони ширум светот кои не смеат да ве изненадат

Без разлика дали сте тргнале на пат службено или приватно, престојувањето во некоја земја значи и различна култура од вашата, која во некои случаи може да биде и драстична. Поздравувањето, начинот на облекување, се тоа се работи кои би било добро да се проверат пред упатувањето кон нова дестинација.



Сингапур

Во оваа богата азиска земја со закон е забрането внесување на гума за џвакање. Проблемот не е во џвакањето, туку во постапката на фрлање на гумата. Земјата не трпи нечистотија, па затоа џвакањето не се допушта.

Фиренца

Во центарот на ренесансата, се смета за навредливо ако јадете во близина на главните цркви или други историски објекти. Околу ова нема големо мудрување, тоа е само знак на почит на градот и неговата култура.

Филипини

Во главниот град на Филипини, ситуацијата е налик на онаа во Југославија во 80-те години, кога постоело возењето „пар-непар“. Имено, секој може да користи автомобил шест дена во неделата, но еден ден не е допуштен за возење. Ова не е направено од економски причини, туку од желба за намалување на сообраќајниот метеж.



Обединети Арапски Емирати

Сите оние кои престанале да пушат благодарение на електронските цигари, не можат истата да ја воведат во овие земји. Властите заклучиле дека хемикалиите во овие цигари не се доволно испитани и одлучиле да ја забранат електронската цигара.

Венеција

Дел од законот во Италија се однесува исклучиво на некои места или градови, па така во Венеција забрането е да се хранат гулаби. За почеток, најверојатно ќе добиете само опомена, но ако продолжете со тоа, спремајте се за плаќање казна.

Русија

Помалку необично, но во мајка Русија забрането е увоз или изработка на долна облека од синтетички материјал. Ова може да ви звучи чудно на прв поглед, но благодарение на тоа, се штити здравјето на Русите, со оглед на тоа дека памукот е многу поздрав за користење. Кога сме кај Русија, исто така може да бидете казнети ако управувате со автомобил, кој не е доволно чист. Во случај да не ви се гледа регистрацијата од нечистотија, полицијата ќе ви напише казна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби