Репортажа за велосипедски туризам низ Македонија

Американскиот весник Вашингтон Пост, на своите страници посветени на туризмот, пренесува подолга репортажа за велосипедска тура низ Македонија, од репортерката Дајан Даниел. Текстот ги претставува природните и гастрономските убавини на Македонија, со посети на Крушево, Битола, Преспа, Охрид и Скопје.



Репортажата ја претставува Македонија како земја на љубезни луѓе, каде може да се видат диви рисови и пеликани, да се истражуваат древни археолошки наоѓалишта и да се ужива во извонредна храна. Авторката особено е воодушевена од ајварот и шопската салата. Авторката во детали ја опишува својата потрага по домашно подготвен ајвар во преспанското село Љубојно.



"Првите два дена, со велосипедите минувавме покрај куќи украсени со редици исушени пиперки, како низи црвени обетки. Се обидувавме да видиме (намирисаме) каде се подготвува ајвар и бевме одушевени кога најдовме една куќа. Иако немам обичај да јадам специјалитети со лук со моето утринско кафе, но не можев да престанам да шлапам дебели слоеви ајвар на парчиња леб", пишува Даниел во репортажата.

Велосипедската тура поминува низ археолошкото наоѓалиште Хераклеа Линкестис, во близината на Битола, за кое Вашингтон Пост пишува дека иако само мал дел од урнатините е истражен и нема доволно информации за посетителите, сепак може да се посетат темелите на римскиот амфитеатар, базиликата и два импресивни мозаици.



Репортажата изнесува и забелешки за туристичката понуда на Македонија, пред сè за отпадот расфрлан низ земјата, вклучително и во националниот парк Пелистер, како и за опасниот стил на возење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби