Неочекувано опасни места кои (не)се „рај на Земјата“

При планирање на патувања, сигурноста е една од најважните работи. Иако овие земји се познати туристички дестинации, кои многумина ги сметаат за рај на Земјата, треба да размислите два пати пред да се упатите на нивните рајски крајбрежја.

Јамајка



Број на туристи: 3.5 милиони посетители во 2014 година
Стапка на убиства: 45 лица на 100.000 луѓе
Зошто луѓето ја посетуваат: Поради песочните плажи, реге музиката, прекрасните гребени, вкусната храна, одличните забави, љубезните домаќини и луксузните ресорти.
Што велат професионалците за сигурноста на туристите: Криминалот како што се вооружените грабежи, киднапирањата и убиствата се честа појава во Јамајка, а особено навечер. Најопасните делови се главниот град Кингстон, Спениш Таун и заливот Монтего.

Јужноафриканска Република



Број на туристи:
9.5 милиони посетители во 2013 година
Стапка на убиства: 35 лица на 100.000 луѓе
Зошто луѓето ја посетуваат: Сафари, нуркање со морски кучиња, разнолична природа, истражување на фосили, прекрасни плажи и релативно ниски цени во ноќевалишта.
Што велат професионалците за сигурноста на туристите: Криминалот е голем проблем овде. Нападите, силувањата и кражбите со огнено оружје се честа појава, како и крадењето на автомобили и ограбување на туристи. Криминалците „оперираат“ уште од главниот аеродром во Јоханесбург, а во ноќните часови опасно е да се шетате низ центарот на главниот град, во предградието Береа и Хилброу, како и во Дурбан.

Белизе



Број на туристи: 294.000 посетители во 2013 година
Стапка на убиства: 44 лица на 100.000 луѓе
Зошто луѓето ја посетуваат: Прекрасни дождовни шуми, рушевините во Маите, нуркање околу вториот најголем корален гребен во светот
Што велат професионалците за сигурноста на туристите: Иако повеќето криминални дејствија се случуваат во главниот град Белизе Сити, поточно во неговиот јужен дел, треба да се внимава и во градовите Сан Педро, Цаје Калкер, Сан Игнацио, Дангрига, Корозал и Плаценсија.

Тринидад и Тобаго



Број на туристи: 434.000 туристи во 2013 година
Стапка на убиства: 35 лица на 100.000 луѓе
Зошто луѓето ја посетуваат: Пријатно тропско време, убави плажи, помала туристичка посетеност, отколку на другите карипски острови
Што велат професионалците за сигурноста на туристите: На двата острови забележана е висока стапка на криминал. Забележани се сериозни злочини против туристите кои вклучуваат убиства, сексуални напади, киднапирања и вооружени кражби. Повеќето посетители никогаш не се осудувани, ниту пак откриени. Навечер треба да избегнувате да вадите пари од банкомати и да не се задржувате многу долго во Лавентиле, Морвант, Бетам, Сеа Лотс и Белмонт.

Бразил



Број на туристи: 5.8 милиони посетители во 2013 година
Стапка на убиства: 32 лица на 100.000 луѓе
Зошто луѓето ја посетуваат: Поради крајбрежјето кое е поголемо од 7.000км, космополитските градови, шармантните места, светски познатите забави
Што велат професионалците за сигурноста на туристите: Најмногу насилства се случуваат во големите градови како што се Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Рецифе и Салвадор, но вооружени напади може да се случат кај било во Бразил. Туристите најчесто се мета за време на карневалите, па се препорачува да се облекувате што поедноставно, а со себе да носете што е можно помалку кеш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби