Чудо на природата: Остри карпи, планини и тропски шуми

Во центарот на островот Reunion, француски предел во Индискиот океан, е сместено село во кое дури и времето се заборавило. Островот настанал пред три милиони години со излевање на лава, а дел од островот познат под името Cirque de Mafate е одделен од останатиот дел и има остри карпи, импресивни планини и тропски шуми. Единствен начин да дојдете овде е преку планинарење низ шумата или со хеликоптер.



Жителите на овој дел почнале да се населуваат во 18 век, а првиот бран на колонизација го предводеле ослободените робови. Набрзо по нив пристигнале и француските фармери, а веќе повеќе од два века тие живеат изолирано од целиот свет.



Денес овде живеат 8.000 луѓе, а речиси сите се доселеници. Во Mafate се наоѓаат неколку села, а сите имаат куќи во кои живеат многу скромно. Кога ова ви е дом, можете да заборавите на гледање ТВ, интернет и останати работи, со оглед на тоа дека нема струја ни водоводен систем. Докторите, полицајците и шумарите овде пристигнуваат само по потреба.



Пред точно шест години, УНЕСКО го прогласи целиот регион за светско културно наследство. Тоа автоматски привлекло повеќе посетители, а оние кои до сега имале прилики да го видат ова чудо на природата останале фасцинирани од погледите кои го одземаат здивот, од длабоките бујни шуми, непрегледните пространства и богатата локална култура.



Исто како и познатиот Galapagos, и Reunion е дом на бројни ендемски птици, инсекти и билки. И не само тоа, бројот на овие единствени животински и растителни видови е три пати поголем отколку на споменатиот Galapagos. Иако може да биде напорно, во рок од два до три часа може да искусите бројни природни убавини преку планинарење.

Што се однесува до животот на луѓето, тие овде живеат во мали украсени куќички, кои интересно се надополнуваат со природата. Овде вратите не се заклучуваат, а жителите се љубезни и подготвени да ја пружат потребната помош. Во Mafate најпознато село е La Nouvelle, во склоп во кое се наоѓаат неколку помали куќи, црква и гробишта.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби