Сте се запрашале ли како изгледа животот во најскапиот град во светот?

Се работи за град со многу зеленило, автопати по кои се возат брзи автомобили и улици толку чисти како невидлива војска постојано да ги чисти. Овде живеат речиси сите од азискиот ентитет и тоа во совршен соживот со странците кои овде работат, живеат и ги одгледуваат своите деца. Сите тие живеат без страв од насилство или криминал, а парковите, музеите, културните установи и архитектурата се направени во светски стил.



Постојат повеќе причини зошто Сингапур се наоѓа на врвот на најубавите места за живот и работа, а тоа си има своја цена. Веќе втора година по ред е прогласен за најскап град на светот.

- Сингапур нуди бројни можности, сè што може да замислат неговите жители. Освен тоа Сингапур е на брилијантна локација за сите оние кои во Азија се занимаваат со бизнис, бидејќи го покрива целиот континент, вели Ричард Мартин, стручњак за работа во странство.

Но, секоја „утопија“ има свои лоши страни, па така и „совршениот живот“ во Сингапур. Во последно време зачестена е појавата на неодобрувањето на привремена работна виза за големиот број на странци кои работат овде, пишува BBС, бидејќи од 5.6 милиони жители на градот дури 1.32 милиони се странци. Покрај нив овде се и 600.000 постојано вработени странци кои најчесто се вработени во образовни институции каде  повеќе се платени, а за тоа им треба само работна виза.

Затоа властите пред две години донеле нов закон по кој работните места кои месечно се плаќаат под 8.760 долари прво две недели мора да ги остават отворени за домашните жители, а по две недели ако не го најдат она што го бараат може да им ги понудат на странците.

Потрага за работа



Но, сепак Сингапур се уште е магнет за талентите од другите земји, особено оние од областа на маркетингот, финансиите и IТ секторот. Големите светски корпорации практично го заземале градот - Microsoft, American Express, Bain & Co, Gunvor Group, Capital Land, DBS Bank, BBDO, McCann-Erickson и Edelman. Слично е и со медиумите. Свои преставништва имаат BBC, ESPN, Discovery Channel, Asian Food Channel...

Добра вест за оние од овде е дека платите им се особено високи и не постои тренд на намалување. Според статистиките на HSBC, половина странци кои таму работат имаат годишна плата поголема од 183.000 долари. Повеќе од 60% од нив изјавиле дека тоа е многу поголема плата од онаа која би ја заработувале во земјите од каде што потекнуваат. Сепак, секоја роба од страна донесена во градот е поскапа, како што се автомобилите и алкохолот, а и трошоците за живот се далеку поскапи од каде и да било.

Парите се важни

Освен за домаќинството, автомобилите и алкохолот, овде најмногу пари се издвојуваат за приватни училишта и медицински услуги, како и некои ситни задоволства. На пример, шише подобро вино ќе го платите дупло повеќе отколку во некоја друга земја.



Даноците на увозните автомобили се огромни, но и сè останато што е поврзано со автомобилската индустрија е скапо, па повеќето не ни купуваат автомобили. Само дозволата за возење чини околу 40.000 американски долари, додека малку подобрите автомобили како што е BMW 320i sedan чини 162.220 долари.

Киријата за убаво среден двособен стан во центарот на градот чини околу 7.300 долари месечно. Постојат и поевтини варијанти, но скромни и далеку од центарот. Поради тоа, странците се договараат со работодавците да им ја плаќаат и киријата, но тоа успева само кај високо позиционираните шефови и големите компании. Тие повеќе сакаат да им даваат повисока плата, отколку да им ја плаќаат киријата.

Што да очекувате?

Во Сингапур речиси сите зборуваат англиски јазик. Администрацијата е вистински благодет во споредба со многу други земји – ако сте сигнале со уредна работна дозвола и виза, многу брзо ќе добиете и сè останато како што е банковна сметка, картичка, здравствени услуги, интернет и ТВ услуги.

Овој град се смета за еден од најсигурните во Азија, а селењето, барањето стан и завршувањето на папирологијата е најбрзо на целиот континент, односно ниеден друг град во Азија нема толку брза администрација.



Предности и недостатоци на секојдневниот живот

Освен веќе некои од наведените предности постојат и маани во животот во Сингапур. Ова дефинитивно не е град за оние кои навикнале на класичните температури и годишни времиња. Сингапур нема класични промени на годишните времиња и просечната температура е 30С°. Влагата е константно на 80%, а меѓу ноември и јануари најмногу врне дожд.

Исто така, животот во постојан консумеризам на многумина им станува напорен по некое време. Сингапур е шопинг центар, во кој владее неопислива гужва, особено кога има намаленија или нови продукти како доаѓањето на новиот iPhone или новите чанти на Vuitton.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби