Жителите на Северна Кореја живеат во друг свет, а нивниот лидер го гледаат како господ. Тие живеат под режим, додека пак ако дојдат некои странци во нивната земја имаат ригорозни услови кои мора да ги почитуваат. Фотографка на Getty, Ксиаолу Чу била во бизнис посета во земјата, но откако стигнала ја предупредиле што може да фотографира, а што не. Полицијата имала право да ги разгледува фотографиите на апаратот и другите дигитални уреди, вклучувајќи камери, таблети и мемориски картички.
Додека била таму, сакала да го фотографира секојдневниот живот во Северна Кореја со апаратот, но во некои делови во кои било забрането да се фотографира го користела својот мобилен телефон. Иако неколку слики и биле избришани од полицајцијата, сепак таа успеала да задржи неколку.