Најдоброто место за да живеете, а за кое никој не зборува

Сончевиот регион Алгарве, кој е дом на над 100.000 пензионери е едно од најдобрите места каде што човек може да живее, а никој за истото не зборува. Имено, во оваа провинција во Португалија се наоѓаат две општини, Силвес и Лагоа, каде што може да уживате во средновековни градови и рибарски села до локални вина и едни од најубавите песочни плажи.

Зошто регионот Алгарве е толку многу добар за живеење?

Одлични временски услови



Овој регион ја има една од најстабилната клима во светот со 3.300 часови сонце годишно, што значи дека има најмногу сончеви денови на нашата земја. Ова е топ летна дестинација меѓу туристите кои сакаат да го поминат летото во Европа, но за Португалците популарно е низ цела година.

Безбеден град

Португалија е на 17 место на најбезбедна земја во светот. Многу ретко се случува насилство, додека криминалот е ограничен само додека има прилив на туристи, но исто така ретко се вршат и кражби.

Интернационална стандардна грижа за здравјето

Докторите на големо се селат во овој португалски регион со оглед на тоа дека пензионерите овде се заинтересирани за естетски хирургии, замена на колкови и забни инпланти.

Голф



Регионот поседува 42 терени за голф во помалку од 160км и генерално е препознатлив како топ дестинација за голф во континентална Европа, а некои велат и во светот.

Одлични плажи

Атлантското крајбрежје е исполнето со карпести предели, лагуни и одлични песочни плажи. Водата во овој предел е со азурна боја, а погледот од врвот на ридовите е спектакуларен. Повеќето плажи имаат спасители за време на летниот период.

Достапни за живеење

Животот во Португалија е за 30% понизок од било која земја друга во Европа. Двојка во пензија може да живее удобно, но модерно со буџет од 1.500 евра месечно. Додека пак со буџет од над 2000 евра може да уживате во целосно комфорен живот.



Сите зборуваат англиски јазик

Благодарение на силните историски и културолошки врски на Португалија со Англија, токму англискиот јазик многумина го зборуваат овде. Оние кои сакаат да живеат овде, може да успеат во тоа макар и да не го знаат португалскиот јазик.

Здрав живот и исхрана

Португалците се најголемите јадачи на риба во Европа и свежата риба е достапна секојдневно во секој маркет. Исто така, постојано има свежа храна која е лесно достапна за секој.

Пензионерскиот приход не се оданочува

Новото законодавство овозможува странските пензионери да добиваат пензија . Исто така овозможува и намалување на оданочувањето на платите, интелектуалната сопственост, камати, дивиденди и капитални добивки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби