Осум интересни факти за Пантеон

Храмот на сите богови или Пантеон и ден денес, по речиси 2.000 години откако е изграден, со својата убавина и монументалност го одзема здивот.

Неверојатниот дизајн, пропорциите, елеганцијата и хармонијата на оваа прекрасна градба секако укажуваат колку била моќна Римската империја. Кога прв пат ја видел Микеланџело, помислил дека Пантеон го изградиле ангели, а не луѓето.



Ова се осум најинтересни факти за Пантеон кои можеби не сте ги знаеле:

Името на храмот

Зборот пантеон во грчкиот јазик значи „почитување на сите богови‟. Пантеон затоа е и изграден како храм на сите богови.

Единствена недопрена градба од антички Рим

Вистинско чудо е како Пантеон успеал да ги преживее сите тие напади на варварите кои сите други споменици ги срушиле до темел. Фактот дека во 609 година во новата ера, Пантеон станал црква игра голема улога, како и неговата цврста структука која секако била невообичаена за тогашните згради. Тоа што е познато е дека е направен од материјал кој многу личи на бетон, а кој тогашните градежници не го познавале. Како и да било, Пантеон е единствена градба која од тој период во целост останала недопрена и успеала да одолее на забот на времето.

Не е познато колку е стара градбата

Според легендата, Пантеон е изграден на истото место на кое и Ромулус, митолошки основач на Рим воскреснал во рајот. Многу историчари тврдат дека Пантеон прво го изградил императорот Аугуст во 27 година пред новата ера, кој потоа изгорел за време на голем пожар кој се случил во 80 година во новата ера, а потоа бил обновен од страна на императорот Домитијан. Во храмот во 110 година удрил гром кој го изгорел до темел.

Пантеон каков што денес го познаваме го изградил императорот Хадријан во 120 година кој ја сакал архитектурата и кој самиот со помош на двајца грчки архитекти Аполодурус и Дамаскус учествувал во конструкцијата на храмот.



Импресивна купола

Импресивната купола е еден од најфасцинантите делови на градбата која на самиот врв има отвор кој уште го нарекуваат и окото на Пантеон. Куполата веќе цели 1300 години важи за најголема на светот, а и ден денес важи за најширока купола која нема потпора. Нејзиниот пречник изнесува 43.30 метри и е во совршена пропорција со градбата, бидејќи растојанието од подот до врвот на куполата е исто колку и нејзиниот пречник.

Внатрешноста

Внатрешноста на храмот има цилиндрична форма и е накривена во полусфера, а единствен отвор во целата градба е тој на врвот на куполата. Внатре во самиот Пантеон се наоѓаат гробови на големи уметници како Рафаел и други значајни личности за италијанската култура. Мермерниот под со геометриски шари датира уште од антички Рим.

Столбовите

Темелите на храмот се со потпора на 16 столбови во коринтски стил кој секој за себе тежи 60 тони. Долгите се 11.8 метри и донесени се дури од Египет. Столбовите се од каменолом кој од река е оддалечен околу 100 км и ги влечеле на дрвени санки, за потоа на дрвени сплавови во текот на плимата во пролетта ги транспортирале до Медитеранското море и пристаништето Остиа.

Светлосни ефекти

Зраците на попладневното сонце на 21 април се рефлектираат на металната шипка над влезот и на тој начин го осветлуваат целото предно плато со светлина. Римјаните го слават тој датум како ден на основање на градот.

Од пагански храм до црква

Пантеон во 609 година бил пагански храм кој дури подоцна бил претворен во црква поради што не бил срушен во средниот век. Денес оваа градба е црква под името света Марија и сите маченици, но сите ја викаат Пантеон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби